Vtora Jovanova
Glava 1
1:1 Од свештеникот – до избраната госпоѓа и нејзините чеда, кои ги љубам во вистината, – и не само јас, туку и сите што ја познаа вистината;
1:2 поради вистината, која пребива во нас и ќе биде со нас до века.
1:3 Да биде со нас благодатта, милосрдието, мирот од Бог Отецот и од Господ Исус Христос, Синот на Отецот во вистина и љубов!
1:4 Многу се зарадував, зашто најдов некои од твоите чеда во вистина, онака како што добивме заповед од Отецот.
1:5 И сега те молам, госпоѓо, не како да ти пишувам нова заповед, но онаа што ја имаме од почетокот, да се љубиме едни со други.
1:6 А љубовта се состои во тоа, да постапуваме по Неговите заповеди. Тоа е заповедта, што ја чувте во почетокот, за да постапувате според неа;
1:7 бидејќи во светот влегоа мнозина измамници, кои не исповедаат дека Исус Христос дошол во тело; таков човек е измамник, Антихрист.
1:8 Пазете се за да не го изгубите она за кое сте се труделе, туку да добиете полна награда.
1:9 Секој, кој оди предалеку и не останува во Христовото учење, Го нема Бога; кој останува во Христовото учење, тој Го има и Отецот и Синот.
1:10 Кој доаѓа кај вас и не го носи тоа учење, него не го примајте во вашиот дом и не поздравувајте го;
1:11 зашто, кој го поздравува, учествува во неговите лоши дела.
1:12 Вистина, имав многу да ви пишувам, но не сакав на книга и со мастило, зашто се надевам дека ќе дојдам кај вас и од устата да ви зборувам, та радоста ваша да ви биде полна.
1:13 Ве поздравуваат чедата на избраната твоја сестра. Амин!