Tit

1 2 3

Glava 1

1:1 Павле, слуга Божји и апостол на Исус Христос за верата на Божјите избраници и за спознавање на вистината по побожноста,

1:2 со надеж за вечниот живот, што пред вечни времиња го вети Бог, Кој не лаже,

1:3 во свое време го јави словото Свое преку пораката што ми ја довери мене по заповед на нашиот Спасител, Бог,

1:4 до Тит, моето вистинско чедо по за­едничката вера. Благодат, милост и мир од Бог Отецот и од Господ Исус Хрис­тос, нашиот Спасител!

1:5 Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите гра­до­ви да поставиш презвитери, како што ти бев порачал:

1:6 ако е некој непорочен, маж на една жена и има деца верни, што не се укорувани за блудство или непокорност.

1:7 Бидејќи епископот, како Божји распоредник, не треба да е порочен, ни гневлив, ни пијаница, ни тепач, ни ла­ком за гнасна печалба,

1:8 туку гостољубив, доброљубив, трез­вен, справедлив, свет, воздржлив;

1:9 кој се придржува до вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги побива оние кои се противат.

1:10 Зашто има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните,

1:11 на кои треба да им се затвори устата: тие растураат цели домови, учејќи на она што не треба, поради одвратна печалба.

1:12 Еден од нив, нивни пророк, беше рекол: „Критјаните се секогаш лаж­ливци, зли ѕверови, мрзливи мешишта.“

1:13 Тоа сведоштво е вистинско. Поради таа причина укори ги строго за да бидат здрави во верата,

1:14 и да не слушаат јудејски бајки и за­поведи од луѓе, кои одвраќаат од вистината.

1:15 За чистите е сѐ чисто, а за осквернетите и неверните нема ништо чисто; напротив, ним им се осквернети и умот и совеста:

1:16 тие зборуваат дека Го познаваат Бо­га, а со делата свои Го одречуваат, би­дејќи се одвратни, непокорни и неспо­собни за никакво добро дело.

Glava 2

2:1 А ти, пак, зборувај го она што се согла­сува со здравото учење.

2:2 Старците да бидат трезвени, цело­муд­рени, чисти, здрави во верата, во љубовта, во трпението;

2:3 старичките, исто така, да живеат како што им прилега на светии – да не клеветат, да не се предаваат на многу вино, да учат за добро,

2:4 за да ги вразумуваат невестите да ги сакаат мажите свои и децата свои;

2:5 да бидат целомудрени, чисти, добри домаќинки, благи, покорни на своите мажи, та да не се хули словото Божјо.

2:6 Исто така, советувај ги младежите да бидат чесни,

2:7 а во сѐ претстави се сам како об­ра­зец за добри дела, покажувајќи чистота во учењето, нерасипаност, чесност:

2:8 слово здраво, без укор, та да се посрами противникот, бидејќи не ќе има да рече ништо лошо за нас.

2:9 Советувај ги слугите да ги слушаат своите господари, да им угодуваат во сѐ, не противречејќи им;

2:10 да не крадат, туку во сѐ да по­ка­жу­ваат добра вера, та науката на нашиот Спасител, Бог, да ја украсуваат во сѐ.

2:11 Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе.

2:12 Таа нѐ учи да ги отфрлиме не­чес­носта и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век,

2:13 да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос,

2:14 Кој се даде самиот Себе за нас, за да нѐ избави од секакво беззаконие и да нѐ очисти, та да Му бидеме народ избран, ревносен кон добри дела.

2:15 Ова зборувај го, советувај и изо­бли­чувај со полна власт; никој да не те пре­зира.

Glava 3

3:1 Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело,

3:2 никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кроткост кон сите луѓе.

3:3 Бидејќи и ние некогаш бевме нера­зумни, непокорни, заблудени, бевме ро­бови на желби и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг.

3:4 А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бог,

3:5 Тој нѐ спаси, но не според из­вр­ше­ни­те од нас праведни дела, туку по Сво­јата милост, преку бањата на преродување – и обновувањето од Светиот Дух,

3:6 Кого изобилно Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител,

3:7 та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на вечниот живот.

3:8 Верни се тие зборови; и јас сакам да го утврдуваш тоа, та оние што поверувале во Бога, да се трудат и да се гри­жат за добри дела: ова е полезно и доб­ро за луѓето.

3:9 А од глупави распрашувања и ро­дословија на племињата, од препирки и расправии, по однос на Законот, клони се, зашто се бесплодни и празни.

3:10 Бегај од човек раздорник, откако ќе го посоветуваш еднаш или двапати,

3:11 знаејќи дека таков човек се изо­па­чил, греши и дека се осудил сам себеси.

3:12 Кога ќе ги пратам кај тебе Артем и Тихик, побрзај да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да прези­мувам.

3:13 Законикот Зина и Аполос погрижи се да ги приготвиш за пат, така, та да немаат потреба од ништо.

3:14 И нашите нека се учат да прават добри дела за неопходните потреби, за да не бидат бесплодни.

3:15 Те поздравуваат сите што се со ме­не. Поздрави ги оние кои нѐ милуваат по вера. Нека биде благодатта со сите вас. Амин!