Neemija

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13

Glava 1

1:1 Зборовите на Неемија, синот на Хахалија. Во месецот кислев, во дванаесеттата година, кога јас бев во престолниот град Суза,

1:2 дојде Ананија, еден од моите бра­ќа, – тој и неколку мажи од Јудеја. И јас ги прашав за спасените Јудејци што го избегнаа ропството, и за Ерусалим.

1:3 А тие ми рекоа: „Оние што останаа незаробени, се наоѓаат таму, во земјата своја, и се во голема неволја и понижу­вање; а ѕидовите на Ерусалим се урна­ти, и портите негови – со оган изгоре­ни.“

1:4 Кога ги чув тие зборови, седнав и заплакав и бев нажален неколку дена, постев и се молев пред Бога небесен,

1:5 и реков: „Господи, Боже небесен, Боже величествен и страшен, Кој го па­зиш заветот и милоста кон оние што Те сакаат и постапуваат според Твоите за­поведи!

1:6 Ушите Твои нека бидат внимателни и очите Твои отворени за да ја чујат молитвата на Твојот слуга, со која сега се молам дење и ноќе пред Тебе за синовите Израелови, слугите Твои, и се исповедувам за гревовите на синовите Израелови, со кои згрешивме пред Те­бе; згрешивме – јас и домот на мојот татко.

1:7 Ние станавме престапници пред Тебе и не ги запазивме ни заповедите, ни наредбите, ни законите што ги беше дал на Мојсеј, Твојот слуга.

1:8 Но присети се на зборот што му го беше дал на Мојсеј, Твојот слуга, ве­лејќи: ‚Ако станете престапници, ќе ве растурам меѓу народите,

1:9 а кога ќе се обратите кон Мене и ќе ги пазите Моите заповеди и ќе ги из­вршувате, тогаш, макар да сте изго­нети и на крајот од небото, и оттаму ќе ве приберам и ќе ве одведам на местото што сум го одбрал за да го воведам таму името Свое.‘

1:10 А тие се Твои слуги и Твој народ што Си го откупил со големата Своја сила и со моќната Своја рака.

1:11 Ти се молам, Господи, нека биде увото Твое внимателно кон молитвата на Твојот слуга и кон молитвата на Твоите слуги, кои сакаат да го страхопочитуваат името Твое. Помогни му денес на Твојот слуга и воведи го во милоста пред очите на тој човек!“ То­гаш јас бев винар кај царот.

Glava 2

2:1 Во дваесеттата година од царувањето на Артаксеркс, во еден ден од месецот нисан, имаше пред мене ви­но. Јас го зедов виното и му го подадов на царот, и бев натажен пред него.

2:2 А царот ме праша: „Зошто ти е на­жалено лицето, иако не си болен? Тоа може само да значи дека имаш тага на срцето.“ Јас многу се уплашив

2:3 и му реков на царот: „Вечно да си жив, царе! Како да не ми биде тажно лицето кога градот, домот, каде што се гробовите на предците мои, е за­пустен и портите негови со оган се изгорени!“

2:4 И царот ми рече: „Па што бараш?“ Јас се помолив на небесниот Бог

2:5 и му одговорив на царот: „Ако му е угодно на царот, и ако твојот слуга нашол благоволение пред лицето твое, тогаш испрати ме во Јудеја, во градот, каде што се гробовите на предците мои за да го изѕидам.“

2:6 И ми рече царот пред царицата, која седеше до него: „Колку време ќе трае патот твој, и кога ќе се вратиш?“ И ца­рот се согласи да ме пушти, от­како го определив времето.

2:7 Тогаш му реков на царот: „Ако благоволи царот, нека ми се даде писмо до управителите на областа зад Реката за да ми дозволат да минувам, додека стигнам до Јудеја,

2:8 и писмо до Асаф, чуварот на цар­ските шуми, да ми даде дрва за врати­те на тврдината што е кај Божјиот дом, и за градските ѕидишта, и за ку­ќата, во која ќе живеам.“ И царот ми даде, бидејќи раката на Бога беше над мене.

2:9 Кога стигнав кај управителите на областа зад Реката, им ги предадов царските писма. А царот беше испра­тил со мене воени началници со коњаници.

2:10 Кога го слушнаа тоа Санавалат, хорончанецот и Товија, амонски роб, им стана многу непријатно што дошол чо­век да се грижи за доброто на синовите Израелови.

2:11 Пристигнав во Ерусалим и оста­нав таму три дни.

2:12 Потоа станав ноќе со неколку ма­жи, што беа со мене, и никому не му кажав што ми ставил Бог на срце да направам за Ерусалим; а немаше никакво добиче со мене, освен она на кое јавав.

2:13 Така минав ноќе преку Долин­ските Порти накај Изворот на Змејот и низ Гноишните Порти, ги разгледав раз­рушените ѕидишта на Ерусалим и изго­рените негови порти со оган.

2:14 И дојдов до Изворните Порти и до царскиот базен, но таму немаше место да мине добичето што беше под мене;

2:15 и се вратив назад по долот ноќе и ги разгледав ѕидиштата и, откако минав пак низ Долинските Порти, се вратив.

2:16 Но старешините не знаеја, каде одев и што правев: дотогаш не им бев открил ништо ни на Јудејците, ниту на свештениците, ниту на првенците, ниту на началниците, ниту на другите што беа задолжени околу таа работа.

2:17 Затоа им реков: „Гледате во каква неволја се наоѓаме; Ерусалим опусте, и портите негови со оган се изгорени; да одиме и да ги изградиме ѕидовите на Ерусалим, та да не бидеме веќе за срам.“

2:18 И им раскажав дека добрата рака на мојот Бог беше над мене, – и за збо­ровите на царот што ми ги кажа. Па им реков: „Да станеме и да градиме!“ Тогаш им се зацврстија рацете за општо добро дело.

2:19 Кога го слушнаа тоа Санавалат хорончанецот и Товија, амонски роб, и Гешем Арабјанецот, ни се потсмев­нуваа и рекоа со презир: „Што сакате да направите? Мислите ли да кренете бунт против царот?“

2:20 Јас им одговорив и реков: „Небес­ниот Бог, Тој ќе ни помогне, и ние, слугите Негови, чисти ќе поч­неме да ѕидаме, а за вас нема да има ни дел, ни право, ни спомен во Ерусалим.“

Glava 3

3:1 И стана Елијашив, првосвештеникот, и браќата негови – свештени­ците, и ги изградија Овчите Порти: ги ставија вратите нивни и ги осветија и продолжија да ѕидаат од Кулата на Стотината до Кулата на Хананел.

3:2 До нив градеа ерихонците, а вед­наш до нив ѕидаше Закур, син на Имриј.

3:3 Рибната Порта ја изградија жите­лите на Сенаа: тие ја покрија и ги ста­вија крилата нејзини, клучал­ниците нејзини и резињата нејзини.

3:4 До нив Меремот, син на Урија и внук на Хакоц, го поправаше ѕидот; до нив Мешулам, син на Варахија, син Мешезавелов; до нив поправаше Садок, синот на Баана.

3:5 До нив поправаа текојци; но некои од нив, повидните, не го свиткаа грбот за да поработат за својот Господ.

3:6 Старите порти ги поправаа Јојада, син на Пасеах, и Мешулам, син на Бесо­дија. Тие ги покрија и ги ставија врати­те нивни, клучалките нивни и резињата нивни.

3:7 До нив поправаше Мелатија, Гавао­нец, и Јадон од Меронот, со жителите на Гаваон и на Мицпа, кои му беа пот­чинети на управителот на областа зад Реката.

3:8 До него поправаше Узиил, син на Хархаја, златар, а до него поправаше Ананија, син Харакахимов. Тие го обновија Ерусалим до Широкиот Ѕид.

3:9 До нив поправаше Рефаја, син Оров, началник на половината од ерусалимскиот округ.

3:10 До нив, токму наспроти куќата сво­ја, поправаше Једаја, син на Хару­маф, а до него поправаше Хатуш, син на Хашавнеја.

3:11 Другиот дел го поправаше Малкија, син на Харим, и Хашув, син на Па­хат-Моав; тие го поправаа ѕидот сѐ до Кулата на Печките.

3:12 До нив поправаше Селум, син на Халохеш, началник на ерусалимскиот полуокруг, – тој и ќерките негови.

3:13 Долинските Порти ги поправаше Анон, и жителите на Заноах: тие ги изградија и ги ставија вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни: тие уште поправаа и илјада лакти од ѕидот до Гноишните Порти.

3:14 А Гноишните Порти ги поправаше Малкија, Рихавов син, началник на округот на Бет-Керем: тој ги изгради и ги стави вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни.

3:15 Изворните Порти ги поправаше Шалун, син на Кол-Хозе, началник на округот Мицпа; тој ги изгради, ги покри и ги стави вратите нивни, клу­чалките нивни и резињата нивни; тој го поправаше и ѕидот кај базенот Сала, спроти царската градина, и кај скалите што слегуваа од Давидовиот град.

3:16 По него поправаше Неемија, син на Азбук, началник на половина од округот на Бет-Цур, до Давидовите гробници и до ископаното езеро и до куќата на храбрите.

3:17 По нив поправаа левитите, рако­водени од Рехум, син на Ваниј; до него поправаше, за својот округ, Ха­шавија, началник на половина од округот на Кеила.

3:18 По нив поправаа браќата нивни: Бинуј, Хенададов син, началник на половина од кеилскиот округ.

3:19 А до него поправаше Езер, син на Јешуа, началник на Мицпа, на вториот дел, спроти излезот кон оружницата, на аголот.

3:20 По него ревносно поправаше Варух, син на Закај, на вториот дел, од аголот до куќната врата на Ели­јашив, прво­свештеникот.

3:21 По него поправаше Меремот, син на Урија, син Хакоцов, на вториот дел, од куќната врата на Елијашив до крајот на Елијашивовата куќа.

3:22 Понатаму работеа свештениците од околината.

3:23 Понатаму работеа Венијамин и Ха­шув, спроти својата куќа; по нив по­праваше Азарија, син на Маасеја, Ана­ниев син, до куќата своја.

3:24 По него поправаше Бинуј, син на Хенадад, на вториот дел, од Азарие­вата куќа до аголот и свиокот.

3:25 Палал, синот на Узај, работеше спроти аголот и кулата, што се издига од горниот царски дом при затвор­скиот двор. По него Федаја, Парошов син.

3:26 А храмовите прислужници, што живееја во Офел, поправаа спроти Вод­ните Порти кон исток и до издадената кула.

3:27 По нив поправаа текојците, на другиот дел, на местото спроти големата издадена кула до Офел­скиот ѕид.

3:28 Од Коњските Порти понатаму поправаа свештениците, секој спроти својата куќа.

3:29 По нив поправаше Садок, синот на Имер, спроти својата куќа; понатаму работеше Шемаја, син на Шеханија, чувар на Источните Порти.

3:30 По него поправаше Ананија, Шеле­миев син, и Анон, шестиот син на Ца­лаф, на вториот дел. По нив поправаше Мешулам, Варахиев син, спроти собата своја.

3:31 По него поправаше Малкија, Хацорфиев син, до куќата на храмо­вите прислужници и трговците, спроти Мифкадските Порти дури до стражар­ницата кај аголот на ѕидот.

3:32 А меѓу стражарницата и Овчите Порти поправаа златари и трговци.

3:33 Кога Санавалат слушна дека ги ѕидаме ѕидовите, се налути и додеваше многу и се подигруваше со Јудејците;

3:34 и зборуваше пред браќата свои и пред самарјанските воени луѓе, велејќи: „Што прават тие проклети Јудејци? Зар ќе им го дозволат тоа? Зар тие ќе принесат жртви? Зар ќе завршат некогаш? Зар ќе ги оживеат камењата од купиштата прав, и притоа изгорени?“

3:35 А до него Товија, Амонецот, рече: „Нека го ѕидаат; ќе мине лисицата и ќе ги срине камените ѕидови нивни.“

3:36 Чуј, Боже наш, на каков презир сме, и сврти го тоа нивно подигрување врз главите нивни, предај ги на презир во земја на пленство.

3:37 Не ги прикривај беззаконијата нив­ни, и гревот нивни да не биде избришан пред лицето Твое, бидејќи ги огорчија оние што ѕидаат.

3:38 Ние сепак го градевме ѕидот, и це­лиот ѕид високо беше поврзан до поло­вината негова. И на народот му беше при срце да работи.

Glava 4

4:1 Кога слушнаа Санавалат и Товија, и Арабјаните, и Амонците, и Аш­додците, дека ерусалимските ѕи­дови се возобновуваат и дека расипаното почна да се поправа, многу се разгневија.

4:2 И се договорија да одат заедно да војуваат против Ерусалим и да го разрушат.

4:3 А ние Му се молевме на нашиот Бог и поставивме спроти нив стража дење и ноќе за да се спасиме од нив.

4:4 Но Јудејците рекоа: „Ослабна силата на носачите, а земја од урнатините има многу; не можеме да го градиме ѕидот.“

4:5 А непријателите наши, пак, велеа: „Нема да успеат и нема да видат, кога наеднаш ќе влеземе меѓу нив, ќе ги убиеме, и ќе ја запреме работата.“

4:6 Доаѓаа Јудејците што живееја до нив, и ни говореа на десетина пати од сите места дека ќе нѐ нападнат,

4:7 тогаш по ниските места на градот, зад ѕидот, по сувите места, го пос­троија народот по родови со мечевите нивни, со копјата нивни и со лаковите нивни.

4:8 Па погледнав и станав, та им реков на првенците и војводите и на другиот народ: „Не плашете се од нив; спомнете си за Господ Кој е величествен и влева страхопочит и бијте се за браќата свои, за синовите свои, за ќерките свои, за жените свои и за к­уќите свои.“

4:9 Кога слушнаа нашите непријатели дека ни е познато што кројат, тогаш Бог го растури нивниот заговор, и ние сите се вративме кај ѕидот, секој на својата работа.

4:10 Од тој ден половина од моите слуги работеа на изградбата, а другата поло­вина стоеше со копја, штито­ви, лакови и оклопи; а нивните водачи беа зад це­лиот дом Јудин.

4:11 Оние што го градеа ѕидот и носеа товари, така го правеа тоа, што со едната рака ја извршуваа работата, а во другата рака држеа копје.

4:12 Сите градители беа препашани со меч околу половината, и така градеа, а до мене беше трубачот.

4:13 И им реков на водачите и начал­ниците и на другиот народ: „Работата е голема и нашироко распространета, а ние сме распрснати по ѕидот и од­далечени едни од други;

4:14 затоа, од каде ќе чуете звук на труба, накај тоа место собирајте се кон нас: нашиот Бог ќе се бори за нас.“

4:15 Така ја теравме работата; и поло­вината ги држеа копјата откако зората ќе се појави, сѐ додека ѕвездите да из­лезат.

4:16 Освен тоа, истовремено му бев порачал на народот сите да ноќеваат во Ерусалим, заедно со слугите свои за да бидат тие кај нас ноќе на стража, а дење на работа.

4:17 И ниту јас, ниту браќата мои, ниту стражарите што ме придружу­ваа, не ги соблекувавме облеките свои, и секој од нас имаше при рака меч и вода.

Glava 5

5:1 Се крена голем врисок од луѓето и нивните жени, против Јудејци­те, браќата нивни.

5:2 Имаше едни, кои велеа: „Ние, синовите наши и ќерките наши сме многу; и ние би сакале да си набавиме жито, да се храниме и да живееме.“

5:3 Имаше и такви, кои велеа: „Ги зало­жуваме нивите свои, лозјата свои и куќите свои за да си набавиме жито при овој глад.“

5:4 Имаше и такви, кои велеа: „Ние позајмуваме сребро за царскиот данок за нивите и лозјата свои;

5:5 ние имаме исти тела, какви што се телата на браќата наши, и синовите ни се такви, какви што се нивните синови, а ете, ние сме должни да ги даваме синовите свои и ќерките свои за слуги, а, пак некои наши ќерки веќе се наоѓаат во ропство. Нема никакви средства за откуп во рацете наши; и нивите наши и лозјата наши се во рацете на големците.“

5:6 Кога го слушнав нивното леле­кање и тие зборови, многу се јадосав.

5:7 Срцето мое се возбуди, и јас строго ги прекорив првенците и војводите, ве­лејќи им: „Вие земате лихва од браќата свои.“ И свикав против нив голем собир,

5:8 па им реков: „Ние, според силите свои, ги откупуваме браќата свои Ју­дејци, продадени на народите, а вие ги продавате браќата свои, и тие ни се продаваат нам?“ Тие молчеа и не знаеја што да одговорат.

5:9 Тогаш реков: „Не е добро тоа што го правите. Нели треба да одите во страв пред нашиот Бог за да го одбегнете потсмевот на народите, нашите непријатели?

5:10 И јас и браќата мои и оние што служат кај мене им даваме на заем и сребро и жито: да им го простиме тој долг.

5:11 Вратете им ги уште денес нивните ниви, лозјата нивни и маслиновите градини нивни, и куќите нивни, и лихвата од среброто, житото, виното и маслото што сте го зеле од нив.“

5:12 А тие одговорија: „Ќе го вратиме и нема ништо да бараме од нив; ќе направиме така, како што велиш.“ Тогаш ги повикав свештениците и им заповедав да се заколнат дека ќе направат така.

5:13 Па ја истресов облеката своја и реков: „Така да го истресе Бог секој човек што нема да го одржи тој збор од домот негов, од имотот негов, и така да биде во него истресено и празно сѐ!“ И целото собрание рече: „Амин!“ и Го прославија Бога; и народот го одржа тој збор.

5:14 Од тој ден, кога бев назначен за нивен управител во јудејската земја, од дваесеттата година до триесет и втората година од владеењето на царот Артаксеркс, во текот на дванаесет години, јас и браќата мои никогаш не ги собиравме даноците за управителот.

5:15 А поранешните управители, што беа пред мене, го оптоваруваа народот и земаа од него жито и вино, освен четириесетте шекели сребро; дури и слугите нивни владееја над народот. Но јас не правев така поради страв Божји.

5:16 Притоа, јас ги поттикнував рабо­тите околу изградбата на овој ѕид; и ниви не купувавме, а сите мои слуги се собираа таму на работа.

5:17 Кај мене на трпезата имаше по сто и педесет души Јудејци и началници, покрај оние што доаѓаа кај нас од околните народи.

5:18 И, еве, што се приготвуваше за еден ден: еден бик, шест одбрани овци и птици се готвеа кај мене; и секои десет дена се набавуваа различни вина во изобилие. И покрај сето тоа, јас не земав управителски данок, зашто тешка работа лежеше врз тој народ.

5:19 Боже мој, спомни ме мене за сето добро што го направив за овој народ!

Glava 6

6:1 Кога слушнаа Санавалат, Товија и Гешем, Арабјанецот и другите на­ши непријатели дека јас го изѕидав ѕидот, и дека на него не остана ниту една пукнатина – до тоа време, меѓу­тоа, не бев поставил уште врати на портите, –

6:2 тогаш Санавалат и Гешем испра­тија луѓе да ми кажат: „Дојди да се сретнеме во Кефирим, во долината Оно!“ Тие намислиле да ми направат зло.

6:3 Но јас испратив пратеници да им кажат: „Зафатен сум со голема работа, не можам да слезам; работата ќе запре, ако ја оставам и слезам кај вас.“

6:4 Четирипати тие ми испраќаа таква покана, а јас им враќав ист одговор.

6:5 Тогаш Санавалат го испрати по ме­не, за петти пат, слугата свој со отво­рено писмо во раката своја.

6:6 Во него беше напишано: „Глас се разнесува меѓу народите, и Гешем тврди дека, божем, ти и Јудејците сте намислиле да дигнете востание, поради што и го ѕидаш ѕидот и сакаш да им бидеш цар; така се зборува;

6:7 си поставил и пророци да разгласуваат за тебе во Ерусалим и да говорат: ‚цар јудејски!‘ А таквите зборови ќе дојдат до царот. Затоа дојди, и ќе се посоветуваме заедно.“

6:8 Но јас испратив да му кажат: „Ништо такво немало, за што зборуваш; сам си го измислил со својот ум.“

6:9 А тие сите нѐ заплашуваа, велејќи: „Ќе им капнат рацете од таа работа, и таа нема да се заврши.“ Но јас уште повеќе си ги зацврстив рацете свои.

6:10 Отидов во куќата на Шемаја, син на Делаја, син Мехетавелов, и тој се затвори и рече: „Да појдеме во Божјиот дом, внатре во храмот, и да ја заклу­чиме потоа вратата на храмот, зашто ќе дојдат да те убијат ноќе.“

6:11 Но јас одговорив: „Зарем треба да бега човек како мене? Треба ли таков човек каков што сум јас да влезе во хра­мот за да остане жив! Не одам.“

6:12 Јас знаев дека не го беше испра­тил Бог, – иако ми говореше пророч­ки, – туку дека Товија и Санавалат го беа поткупиле.

6:13 Тој беше поткупен за да ме ис­плаши, да постапам така и да згрешам, та да имаат за мене лошо мислење и да ме казнат за тоа со прекори.

6:14 Помни ги, Боже мој, Товија и Сана­валат според тие нивни дела, а исто така и пророчицата Ноадија и другите пророци што сакаа да ме уплашат?

6:15 Ѕидот беше завршен во дваесет и петтиот ден од месецот елул, точно за педесет и два дена.

6:16 Кога слушнаа за тоа сите наши непријатели, и го видоа тоа сите околни народи, многу се исплашија и сфатија дека таа работа е извршена од нашиот Бог.

6:17 Освен тоа, во тие дни повидните Јудејци пишуваа писма и ги испраќаа до Товија, а Товиевите писма одеа до нив,

6:18 зашто мнозина во Јудеја со заклетва склучија сојуз со него, зашто тој му беше зет на Шеханија, син Арахов, а синот негов Јонатан беше женет за ќер­ката на Мешулам, синот на Варахија.

6:19 Тие говореа пред мене дури и за неговата добрина, а моите зборови му се пренесуваа нему. Товија испраќаше писма за да ме заплаши.

Glava 7

7:1 Кога ѕидот беше изграден, и ги поставија вратите, а и вратарите беа поставени на службата своја, и пејачите, и левитите,

7:2 тогаш управувањето на Ерусалим му го доверив на мојот брат Ананија, заедно со началникот на тврдината, Ананија, бидејќи тој беше од многу други поверен и побогобојазлив,

7:3 и им реков: нека не ги отвораат ерусалимските порти, додека не из­грее сонцето; и навечер, додека врата­рите се наоѓаат тука, нека ги затвораат и заклучуваат портите. И определив стражари од жителите ерусалимски, секој на своја стража и секој спроти куќата негова.

7:4 Но градот беше широк и голем, а народ во него имаше малку, и куќите не беа изградени.

7:5 А мојот Бог ме вдахнови да ги соберам првенците и началниците и народот за да бидат внесени во родо­словниците. Па го најдов родо­словниот список на оние што беа дошле први; во него беше напишано:

7:6 ова се жителите на земјата, кои се вратија од пленство, каде што беа преселени од вавилонскиот цар Наву­ходоносор и се вратија во Ерусалим и Јудеја, секој во својот град –

7:7 оние што тргнаа со Зоровавел, Јешуа, Неемија, Азарија и Раамија, Нахаманиј, Мардохеј, Билшан, Мис­перет, Бигвај, Нехум и Баана. Еве го бројот на народот Израелов:

7:8 потомци на Парош – две илјади сто седумдесет и двајца.

7:9 Потомци на Сафатија – триста седумдесет и двајца.

7:10 Потомци на Арах – шестотини педесет и двајца.

7:11 Потомци на Пахат-Моав, односно, потомци на Јешуа и Јоав – две илјади осумстотини и осумнаесет.

7:12 Потомци на Елам – илјада двесте педесет и четири.

7:13 Потомци на Зату – осумстотини четириесет и пет.

7:14 Потомци на Закај – седумстотини и шеесет.

7:15 Потомците на Бинуј – шестотини четириесет и осум.

7:16 Потомци на Бевај – шестотини дваесет и осум.

7:17 Потомци на Азгад – две илјади триста дваесет и двајца.

7:18 Потомци на Адоникам – шестотини шеесет и седум.

7:19 Потомци на Бигвај – две илјади шеесет и седум.

7:20 Потомци на Адин – шестотини педесет и пет.

7:21 Потомци на Атер, од Езекиевиот дом – деведесет и осум.

7:22 Потомци на Хашум – триста дваесет и осум.

7:23 Потомци на Бецај – триста дваесет и четири.

7:24 Потомци на Хариф – сто и дванаесет.

7:25 Жители од Гаваон – деведесет и пет.

7:26 Жители од Витлеем и Нетофа – сто осумдесет и осум.

7:27 Жители од Анатот – сто дваесет и осум.

7:28 Жители од Бет-Азмавет – четириесет и двајца.

7:29 Жители од Кирјат-Јарим, Кефира и Беерот – седумстотини четириесет и тројца.

7:30 Жители од Рама и Гева – шестотини дваесет и еден.

7:31 Жители од Микмас – сто дваесет и двајца.

7:32 Жителите од Ветил и Гај – сто дваесет и тројца.

7:33 Жители од другиот Нево – педесет и двајца.

7:34 Потомци од другиот Елам – илјади двесте педесет и четворица.

7:35 Потомци на Харим – триста и дваесет.

7:36 Луѓе од Ерихон – триста четирие­сет и пет.

7:37 Луѓе од Лод, Хадид и Оно – седумстотини дваесет и еден.

7:38 Жители од Сенаа – три илјади деветстотини и триесет.

7:39 Свештеници: потомци на Једаја од домот на Јешуа – деветстотини седумдесет и тројца.

7:40 Потомци на Имер – илјада педе­сет и двајца.

7:41 Потомци на Пашхур – илјада двесте четириесет и седум.

7:42 Потомци на Харим – илјада и седумнаесет.

7:43 Левити: потомци на Јешуа, и Кадмиел, од родот на Ходева – седумдесет и четири.

7:44 Пејачи, потомци на Асаф – сто четириесет и осум.

7:45 Чувари на портите: потомци на Селум, потомци на Атер, потомци на Талмон, потомци на Акув, потомци на Хатита, потомци на Шовај – сто триесет и осум.

7:46 Прислужници во храмот: потомци на Циха, потомци на Хасуфа, потомци на Табаот,

7:47 потомци на Керос, потомци на Сиа, потомци на Падон,

7:48 потомци на Левана, потомци на Хагава, потомци на Салмај,

7:49 потомци на Ханан, потомци на Гидел, потомци на Гахар,

7:50 потомци на Реаја, потомци на Рецин, потомци на Некода,

7:51 потомци на Газам, потомци на Оза, потомци на Пасеах,

7:52 потомци на Бесај, потомци на Меуним, потомци на Нефушесим,

7:53 потомци на Бакбук, потомци на Хакуфа, потомци на Хархур,

7:54 потомци на Бацлит, потомци на Мехида, потомци на Харша,

7:55 потомци на Баркос, потомци на Сисера, потомци на Темах,

7:56 потомци на Нецијах, потомци на Хатифа.

7:57 Потомци на слугите Соломонови: потомци на Сотај, потомци на Софе­рет, потомци на Перида,

7:58 потомци на Јаала, потомци на Даркон, потомци на Гидел,

7:59 потомци на Сафатија, потомци на Хатил, потомци на Похерет-Хаце­ваим, потомци на Амон.

7:60 Сите прислужници на храмот и потомците од слугите Соломонови – беа на број триста деведесет и двајца.

7:61 Еве ги и оние што дојдоа од Тел-Мелах, Тел-Харша, Керув-Адон и Имер, но не можеа да го кажат поколението свое и родот свој, дали се и тие од Израел:

7:62 потомците на Делаја, потомците на Товија, потомците на Некода – шестотини четириесет и двајца.

7:63 А од свештениците: потомците на Ховаја, потомците на Хакоц, потомците на Верзелиј, кој беше женет со една од ќерките на Верзелиј од Галаад и почна да се презива според нивното име.

7:64 Тие го бараа родословниот спи­сок, но не се најде, та затоа беа исклу­чени од свештенството.

7:65 А управителот им забрани да јадат од најсветото на жртвите, сѐ додека не се избере свештеник со урим и тумим.

7:66 Целото општество заедно беше четириесет и две илјади и триста шее­сет души,

7:67 освен слугите нивни, кои беа седум илјади триста триесет и седум; и со нив пејачи и пејачки уште двесте четирие­сет и пет. Коњи имаа седумстотини триесет и шест, маски имаа двесте четириесет и пет,

7:68 камили – четиристотини триесет и пет, магариња – шест илјади седумстотини и дваесет.

7:69 Некои од родовските началници дадоа прилози за изградба. Управите­лот даде во ризницата илјада златни даријки, педесет чаши, петстотини и триесет свештенички одежди.

7:70 А некои од старешините дадоа во ризницата за да напредуваат рабо­тите, дваесет илјади златни даријки и две илјади и двесте мини сребро.

7:71 Други од народот дадоа дваесет илјади златни даријки и две илјади мини сребро и шеесет и седум свеш­тенички одежди.

7:72 И така се населија во градовите свои свештениците и левитите, и вра­тарите и пејачите, и народот и слуги­те на храмот и сиот Израел.

Glava 8

8:1 Кога настапи седмиот месец, и синовите Израелови беа населени по градовите, се собра сиот народ едно­душно на плоштадот што се наоѓа пред Водните Порти, и му рекоа на кни­жникот Ездра да ја донесе книгата на Мојсеевиот закон, која Господ му ја беше дал на Израел.

8:2 И свештеникот Ездра го донесе законот пред собранието од мажи, жени и сите што можеа да разбираат, во првиот ден на седмиот месец;

8:3 и читаа од него на плоштадот што е пред Водните Порти, од осамнување до пладне, пред мажите, жените и сите што можеа да разберат; и сиот народ со внимание ја слушаше книгата на законот.

8:4 Книжникот Ездра стоеше на повисоко место што се приготви за таа цел, а до него десно стоеја Матитија, Шема, Анаја, Урија, Хелкија и Маасеја, а лево од него – Федаја, Мисаил, Малкија, Хашум, Хашба­дана, Захарија и Мешулам.

8:5 Ја отвори Ездра книгата пред очите на сиот народ, зашто тој стое­ше повисоко од сиот народ. А кога ја отвори, сиот народ стана.

8:6 Тогаш Ездра Го благослови Гос­пода, Великиот Бог. И сиот народ одговараше: амин, амин, – кревајќи ги рацете нагоре, поклонувајќи се и паѓајќи ничкум доземи пред Господ.

8:7 А левитите Јешуа, Ваниј, Шеревија, Јамин, Акув, Шабетај, Ходија, Маасеја, Келита. Азарија, Јозавад, Ханан, Пела­ја му го објаснуваа зако­нот на народот, а народот стоеше на местата свои.

8:8 И читаа разбирливо од книгите, од законот Божји, и даваа толкување, и народот го разбираше прочитаното.

8:9 Тогаш Неемија, и книжникот Ез­дра, свештеник, и левитите, кои го поучуваа народот, му рекоа на сиот народ: „Овој ден е свет пред Господ, вашиот Бог; не тажете и не плачете,“ – зашто сиот народ плачеше, слушај­ќи ги зборовите на законот.

8:10 И им рече: „Одете, јадете добри јадења и пијте добри пијалаци, и ис­пратете им и на оние што немаат при­готвено, зашто овој ден е свет пред нашиот Господ. Не тажете, зашто радоста пред Господ е поткре­па за вас.“

8:11 И левитите го утешуваа сиот народ, велејќи: „Престанете, зашто овој ден е свет, не тажете.“

8:12 И појде сиот народ да јаде и да пие и да дели и на оние што немаа и да празнува со голема радост, зашто ги разбраа зборовите што им ги кажаа.

8:13 На другиот ден се собраа старе­шините на родовите од сиот народ, свештениците и левитите кај книжни­кот Ездра, за да им ги објасни зборо­вите на законот.

8:14 И го најдоа напишаното во за­конот што Господ го беше дал преку Мојсеј дека на празникот во седмиот месец синовите Израелови треба да живеат во колиби.

8:15 Затоа објавија и разгласија по сите свои градови и во Ерусалим, ве­лејќи: „Одете во гората и донесете вејки од питома маслина, вејки од дива маслина, вејки миртови, вејки палмови и вејки од други широколисни дрвја за да направите колиби според запишаното.“

8:16 Отиде народот и донесоа, та си направија колиби, секој на покривот свој и во дворовите свои, и во дворо­вите на Божјиот дом, и на плоштадот кај Водните Порти, и на плоштадот кај Ефремовите Порти.

8:17 Целата заедница на оние, што се беа вратиле од пленство, направи колиби и живееја во колиби. Од дните на Исус, синот Навинов, та до тој ден не беа правеле така синовите Израе­лови. Радоста беше многу голема.

8:18 И читаа од книгата на законот Божји секој ден, од првиот ден до последниот. И го празнуваа празни­кот седум дена, а на осмиот ден – се одржа собор според уредбата.

Glava 9

9:1 На дваесет и четвртиот ден од тој месец се собраа сите синови Из­раелови, постејќи, во вреќишта и со пепел на главите свои.

9:2 И се оддели Израеловото семе од сите туѓинци, станаа, па ги исповедаа гревовите свои и престапите на тат­ковците свои.

9:3 И стоеја на местата свои, и четврт ден читаа од книгата на законот Господов, својот Бог, а во другата четвртина се исповедаа и Му се поклонуваа на Господ, својот Бог.

9:4 А тогаш левитите Јешуа, Ваниј, Кадмиел, Шеванија, Буниј, Шеревија, Ваниј и Кенаниј се искачија на повисоко место, наменето за левити, и силно повикаа кон Господ, својот Бог.

9:5 Потоа левитите Јешуа, Кадмиел, Ваниј, Хашавнеја, Шеревија, Ходија, Шеванија и Петахија рекоа: „Станете, славете Го Господа, вашиот Бог, одвека довека, и нека се славослови преслав­ното Твое име, кое е повисоко од секое славословие и похвала!“

9:6 И рече Ездра: „Ти, Господи, Кој си еден, Ти го создаде небото, небесата на небесата и сета нивна војска, земјата и сѐ што е по неа, морињата и сѐ што е во нив, и Ти го оживуваш сето тоа, и небесните воинства Ти се поклонуваат.

9:7 Ти сам, Господи Боже, го избра Аврам, го изведе од Ур Халдејски и му даде име Авраам,

9:8 и го најде срцето негово верно пред Тебе, и склучи со него завет за да му ја дадеш нему и на семето негово земјата на Хананците, Хитијците, Аморејците, Перизијците, Јевусиј­ците и Гергесеј­ците. И Ти го исполни зборот Свој, заш­то си справедлив.

9:9 Бидејќи Ти ја виде маката на предците наши во Египет и ја слушна нивната поплака кај Црвеното Море,

9:10 и покажа знаци и чудеса над фараонот и над сите негови служи­тели и над сиот народ од земјата негова, бидејќи Ти знаеше, зашто тие постапија горделиво со нив, и Ти си создаде име до денес.

9:11 Ти го пресече пред нив морето, и тие минаа среде море како по суво, а оние што те гонеа, Ти ги фрли во длабочините како камен во силни води.

9:12 Во облачен столб Ти ги водеше дење и во огнен столб – ноќе, за да им го осветлуваш патот, по кој требаше да одат.

9:13 И слезе Ти на гората Синај и го­вореше со нив од небото, им даде пра­веден суд, вистински закони, наредби и добри заповеди.

9:14 И им ја покажа Твојата света сабота и преку Твојот слуга Мојсеј им даде заповеди, наредби и закон.

9:15 И кога гладуваа, Ти им даваше леб од небото, а кога беа жедни, им извади вода од камен, и им рече да одат и да ја завладеат земјата, која Ти, откога ја крена раката, се заколна дека ќе им ја дадеш.

9:16 Но тие, нашите татковци, беа упорни, се покажаа тврдоглави и не ги послушаа Твоите заповеди;

9:17 не сакаа да се покоруваат и не се сетија на Твоите чудесни дела што ги беше направил со нив, станаа тврдо­глави и со својата упорност поста­вија над себеси водач за да се вратат во ропството свое. Но Ти си Бог, Кој сака да проштева, добар и милостив, долготрпелив и многумилостив, и Ти не ги остави.

9:18 И макар што беа излеале теле и беа рекле: ‚ете го твојот бог што те изведе од Египет‘ – и макар што правеа големи сквернавења,

9:19 Ти, поради големото Свое милоср­дие, не ги остави во пустината; об­лачниот столб не се одлепуваше од нив дење, за да ги води по патот, и огнениот столб – ноќе за да им свети по патот, по кој требаше да одат.

9:20 Ти им го даде Твојот благ Дух за да ги поучува, и не ја одземаше маната Своја од устата нивна, па и вода им даваше за гаснење на жедта нивна.

9:21 Четириесет години ги хранеше во пустината; но ништо не им недостасуваше, облеката не им оветвуваше, нозете не им потекуваа.

9:22 И Ти им даде царства и народи и им ги раздели, и тие ја завладеаја земјата на Сихон, царот на Есевон, и земјата на Ог, царот на Башан.

9:23 И им ги умножи синовите нивни како небесните ѕвезди и ги воведе во земјата, за која им беше говорел на татковците нивни дека ќе дојдат да ја владеат.

9:24 И синовите нивни влегоа и ја завладеаја земјата. И Ти им ги пот­чини жителите на таа земја – Ханан­ците, и ги предаде во рацете нивни со царевите и народите на земјата за да постапуваат со нив според волјата своја.

9:25 И тие ги зазедоа утврдените градо­ви и плодната земја, и завладеаја куќи, полни со секаков имот, на­правени из­вори во камен, лозја и маслинови градини и многу плодни дрвја за храна. Тие јадеа, се наситуваа, се дебелеа и се на­сладуваа од Твојата голема добрина;

9:26 и тие станаа непокорни и се креваа против Тебе, го презреа Твојот закон, ги убиваа Твоите пророци, кои сведочеа да се обратат кон Тебе, и премногу хулеа.

9:27 И Ти затоа ги предаде во рацете на непријателите нивни, кои ги угнетуваа. Но секогаш кога, во тешко време за нив, ќе повикаа кон Тебе, Ти ги слу­шаше од небесата и, по големото Свое милосрдие, им даваше спасители што ги спасуваа од рацете на непријателите нивни.

9:28 А кога се успокојуваа, пак поч­нуваа да прават зло пред Твоето лице, и Ти ги предаваше во рацете на непријателите нивни, и тие владееја со нив. Но кога пак ќе повикаа кон Тебе, Ти ги слу­шаше од небесата и, според големото Свое милосрдие, многупати ги спасуваше.

9:29 Ти им напомнуваше да се свртат кон Твојот закон, но тие беа тврдоглави и не ги слушаа Твоите запо­веди, се от­странуваа од Твоите зако­ни, преку кои би живеел човек, ако ги исполнуваше, го свиткаа грбот, се по­кажаа тврдокор­ни и не слушаа.

9:30 Чекајќи да се обратат, Ти ги трпе­ше многу години и им напомнуваше со Твојот Дух преку пророците Свои, но тие не слушаа. Тогаш ги предаде во рацете на туѓи народи.

9:31 Но, по големото Свое милосрдие, Ти не ги истреби докрај и не ги оставаше, бидејќи Ти си Бог добар и милос­тив.

9:32 И сега, Боже наш, Боже величес­твен, силен, страшен, Кој го пази заветот и милоста, нека не биде мало пред лицето Твое сето страдање што нѐ снај­де нас, царевите наши, кнезовите наши, свештениците наши, татковците наши и сиот Твој народ од дните на асирските цареви до денес.

9:33 Во сѐ што нѐ снајде, Ти си праведен, зашто Ти постапуваш според правдата, а ние сме виновни.

9:34 Царевите наши, кнезовите наши, свештениците наши и татковците наши не го извршуваа Твојот закон и не им посветуваа внимание на Твоите заповеди и Твоите удари, со кои ги потсетуваше.

9:35 И во своето царство, при Твојата голема добрина што им ја укажуваше, и во широката и плодородна земја што им ја оддели, тие не Ти служеа и не се одвратуваа од своите лоши дела.

9:36 И, еве, сега сме робови; во таа земја што Ти им ја даде на татковците наши за да се хранат од плодовите нејзини и од благата нејзини, еве, сега ние ѝ робуваме.

9:37 И своите плодови таа изобилно ги принесува за царевите, на кои нѐ пот­чини заради гревовите наши. И тие по своја волја владеат над телата наши, и над добитокот наш, и ние сме во голема мака.“

Glava 10

10:1 Поради сето тоа даваме цврст завет за верност и потпишува­ме, и на потписот е печатот на кнезовите наши, левитите наши и свеш­тениците наши.

10:2 На запечатениот документ беа имињата на: Неемија, управителот, син на Хахалија, и Седекија,

10:3 Сераја, Азарија, Еремија,

10:4 Пашхур, Амарија, Малкија,

10:5 Хатуш, Шеванија, Малух,

10:6 Харим, Мерамот, Авдија,

10:7 Даниел, Гинетон, Варух,

10:8 Мешулам, Авија, Мијамин,

10:9 Маазија, Билгај, Шемаја: тоа се имињата на свештениците.

10:10 А ова се имињата на левитите: Јешуа, син на Азанија, Бинуј, од сино­вите на Хенадад и Кадмиел;

10:11 и браќата нивни: Шеванија, Ходи­ја, Келита, Пелаја, Ханан,

10:12 Миха, Рехов, Хашавија,

10:13 Закур, Шеревија, Шеванија,

10:14 Ходија, Ваниј, Бенину.

10:15 Народните старешини: Парош, Пахат-Моав, Елам, Зату, Ваниј,

10:16 Буниј, Азгад, Бевај,

10:17 Адонија, Бигвај, Адин,

10:18 Атер, Езекија, Азур,

10:19 Ходија, Хашум, Бецај,

10:20 Хариф, Анатот, Невај,

10:21 Магпијаш, Мешулам, Хезир,

10:22 Мешезавел, Садок, Јадуа,

10:23 Пелатија, Ханан, Анаја,

10:24 Осија, Ананија, Хашув,

10:25 Халохеш, Пилха, Шовек,

10:26 Рехум, Хашавна, Маасеја,

10:27 Ахија, Ханан, Анан,

10:28 Малух, Харим, Баана.

10:29 И другиот народ, свештеници, левити, вратари, пејачи, слуги на хра­мот и сите што беа минале од туѓите народи кон законот Божји, жените нивни, синовите нивни, ќерките нив­ни, сите што можеа да разберат,

10:30 се присоединија кон браќата свои, кон најчесните од нив, и се обврзаа со заклетва и проклетство дека ќе поста­пуваат по Божјиот закон, даден преку раката на Божјиот слуга Мој­сеј, и дека ќе ги пазат и извршуваат сите заповеди на Господ, нашиот Бог, и повелбите Негови, и наредбите Негови.

10:31 И да не ги даваат ќерките свои на туѓи народи, и нивните ќерки да не ги земаат за синовите свои;

10:32 и кога туѓите народи ќе донесат стока за продавање во сабота, да не купуваат од нив во сабота или во друг свет ден, и на седмата година да не се работи земјата и да се проштеваат се­какви долгови.

10:33 И си поставивме за закон да дава­ме од себе по една третина од шекел го­дишно за потребите на домот на на­шиот Бог:

10:34 за лебовите на предложението, за редовниот лебен принос и за секојдневната сепаленица, за саботите, за ново­месечијата, за празниците, за свеште­ните предмети и за жртвите за грев за очистување на Израел, и за сѐ што се врши во домот на нашиот Бог.

10:35 И фрливме ждрепка ние, свеште­ниците, левитите и народот, за набавка на дрва, кога кое наше поколение, во определено време, секоја година, да ги дотерува во домот на нашиот Бог за да горат врз жртвеникот на Господ, како што е запишано во законот.

10:36 Се обврзавме уште да принесуваме секоја година во домот Господов првини од земјата своја и првини од плодот на секое дрво;

10:37 исто така – да ги приведуваме во домот на нашиот Бог, првородените од синовите свои и од добитокот свој, како што е пишано во законот, прво­родените од крупниот и од ситниот добиток свој.

10:38 И првини од меленото жито наше, и нашите приноси, и плодови од секое дрво, и вино, и масло ќе им испраќаме на свештениците во ќелиите кај домот на нашиот Бог, и десеток од земјата своја – на левитите. Тие, левитите, ќе собираат десеток во сите градови, каде што имаме земјо­делство.

10:39 Со левитите, кога собираат левит­ски десеток, ќе има свештеник, по­томок Аронов, та левитите да го однесат десетокот од својот десеток во домот на нашиот Бог, во просториите определени за клетови.

10:40 Зашто во тие простории како Изра­еловите синови, така и левитите се должни да носат сѐ што се принесува како дар: жито, вино и масло. Таму се и свештените садови, и свештениците што служат, и врата­рите и пејачите. И ние нема да го оставиме домот на на­шиот Бог.

Glava 11

11:1 И се населија старешините народни во Ерусалим, а други­те од народот фрлија ждрепка, за да излезе еден од десетмина да се насели во светиот град Ерусалим, а преостанатите девет – во другите градови.

11:2 И народот ги благослови сите, кои доброволно се согласија да живеат во Ерусалим.

11:3 Еве ги старешините на земјата што се населија во Ерусалим, а во градовите на Јудеја сите живееја на својот имот, по градовите свои: дру­гите Израелци, свештениците, левитите и слугите на храмот, и потомците на Соломоновите слуги.

11:4 Во Ерусалим се населија и некои од потомците на Јуда и од потомците на Венијамин; од Јудините потомци: Ата­ја, син на Озија, син Захариев, син Ама­риев, син Сафатиев, син Маха­лаеилов, од потомците на Фарес,

11:5 и Маасеја, син на Варух, син на Кол-Хозе, син на Хазаја, син на Адаја, син на Јојарив, син Захариев, потомци на Силомниј.

11:6 Сите потомци на Фарес, што живееја во Ерусалим, беа четиристотини шеесет и осум, храбри луѓе.

11:7 А, еве, ги потомците Венија­минови: Салу, син Мешуламов, син Јоедов, син Педаев, син Колаев, син Маасеев, син Итиелов, син Исаев,

11:8 и по него Габај и Салај – деветстотини дваесет и осум.

11:9 Јоил, синот Зихриев, беше начал­ник над нив, а Јуда, синот на Хасенуа, беше втор над градот.

11:10 Од свештениците: Једаја, син на Јојарив, Јахин,

11:11 Сераја, син Хелкиев, син Мешу­ламов, син Садоков, син Мерајотов, син на Ахитув, началник на Божјиот дом,

11:12 и нивните браќа, кои вршеа служба во Божјиот дом, – осумстотини дваесет и двајца; и Адаја, син Јерохамов, син Пелалиев, син Амаси­ев, син Захариев, син Пашхуров, син Мелхиев,

11:13 и браќата негови, старешини на родовите – двесте четириесет и двајца; и Амашсај, син Азариилов, син Ах­заев, син Мешилемотов, син Имеров,

11:14 и браќата негови, мажи воинствени – сто дваесет и осум. Началник им беше Завдиел, син Хагедолимов.

11:15 А од левитите: Шамаја, син на Ха­шув, син Азрикамов, син на Хашавија, син Буниев,

11:16 и Шабетај, и Јозавад од левитските началници за надворешни ра­боти на Божјиот дом,

11:17 и Матанија, син на Миха, син Завдиев, син Асафов, водител при славословието, за време на молитвата, и Бакбукија, втор по него од браќата не­гови, и Авда, син на Шамуа, син Галалов, син Једутунов.

11:18 Сите левити од светиот град беа двесте осумдесет и четири.

11:19 А вратари: Акув, Талмон и браќата нивни, стражари при портите – сто седумдесет и двајца.

11:20 Другите Израелци, свештениците и левитите, живееја по сите градови на Јудеја, секој во својот дел.

11:21 А храмовите прислужници жи­вееја во Офел: нивни началници беа Циха и Гишпа.

11:22 Началник на левитите во Ерусалим беше Озиј, син на Ваниј, син Хашавиев, син Матаниев, син Михаев од потомците Асафови, кои беа певци при службата во Божјиот дом;

11:23 зашто од царот имаше за нив посебна заповед, и имаше правило определено за певците за секој ден.

11:24 И Петахија, син Мешезавелов од потомците Зерахови, Јудин син, беше застапник на царот за сите работи што се однесуваа на народот.

11:25 Од оние, пак, што беа по селата, на нивите свои, некои од Јудините синови живееја во Кирјат-Арба и во неговата околина, во Дивон и во околината негова, во Јекавцеел и во селата негови,

11:26 во Јешуа, во Молада и во Бет-Пе­лет,

11:27 во Хацар-Шуал, во Вирсавија и во нивните околини,

11:28 Во Циклаг, во Мехона и во нивни­те околини,

11:29 во Ен-Римон, во Цора и во Јармут,

11:30 во Заноах, Адулам и селата нивни, во Лакиш и полињата негови, во Азека и неговата околина; тие се беа сместиле од Вирсавија дури до Хиномовата Долина.

11:31 Синовите Венијаминови живееја во Гева, во Михмаш до Ветил и во сите села негови,

11:32 во Анатот, Нов, Ананија,

11:33 Асор, Рама, Гитаим,

11:34 Хадид, Цевоим, Невалат,

11:35 Лод, Оно и во долината Харашим.

11:36 Во деловите на Јуда и на Венијамин свои населби имаа и левитите.

Glava 12

12:1 Еве ги свештениците и левитите, што дојдоа со Зоровавел, синот Салатиилов, и со Јешуа: Сераја, Еремија, Ездра.

12:2 Амарија, Малух, Хатуш,

12:3 Шеханија, Рехум, Меремот,

12:4 Идо, Гинетој, Авија,

12:5 Мијамин, Маадија, Билга,

12:6 Шемаја, Јојарив, Једаја,

12:7 Салу, Амок, Хелкија, Једаја. Тоа се началниците на свештениците и бра­ќата нивни во дните на Јешуа.

12:8 А левитите: Јешуа, Бинуј, Мата­нија, главен при славословијата, тој и бра­ќата негови, Кадмиел, Шеревија, Јуда,

12:9 и Бакбукија и Униј, нивни браќа, кои заедно со нив служеа.

12:10 Јешуа го роди Јоаким, Јоаким го роди Елијашив, Елијашив го роди Јојада,

12:11 Јојада го роди Јонатан, Јонатан го роди Јадуа.

12:12 Во дните на Јоаким старешини на свештенички семејства беа: од Сера­иевиот дом – Мераја, од Еремиевиот дом – Ананија,

12:13 од домот на Ездра – Мешулам, од Амариевиот дом – Јоханан,

12:14 од Мелихуевиот дом – Јонатан, од Шеваниевиот дом – Јосиф,

12:15 од Харимовиот дом – Адна, од Мерајотовиот дом – Хелкај,

12:16 од Идовиот дом – Захарија, до Гинетоновиот дом – Мешулам,

12:17 од Авиевиот дом – Зихриј, од Минјаминовиот дом и од Моадиевиот дом – Пилтај,

12:18 од Билгаовиот дом – Шамуа, од Шемаевиот дом – Јонатан,

12:19 од Јојаривовиот дом – Матенај, од Једаевиот дом – Озиј,

12:20 од Салаевиот дом – Калај, од Амоковиот дом – Евер,

12:21 од Хелкиевиот дом – Хашавија, од Једаевиот дом – Натанаил.

12:22 Што се однесува до левитите, старе­шините на нивните семејства беа запи­шани во списокот во дните на Ели­јашив, Јојада, Јоханан и Јадуа; и исто така и свештениците до царувањето на Дариј персиски.

12:23 Синовите Левиеви, племенски ста­решини, се запишани во летописот до дните на Јоханан, Елијашивовиот син.

12:24 Началници на левитите беа: Хаша­вија, Шеревија, и Јешуа, Кад­миеловиот син, и браќата нивни, при нив поставени за славословие при благодаренијата, според наредбата на Давид, Божји чо­век, смена по смена.

12:25 Матанија, Бакбукија, Авдија, Ме­шулам, Талмон, и Акув беа вратари, кои чуваа стража при вратните пра­гови.

12:26 Тоа беше во дните на Јоаким, синот на Јешуа, Јоседеков син, и во дните на Неемија и на свештеникот Ездра, кни­ж­ник.

12:27 Кога требаше да се осветуваат еру­салимските ѕидови, ги повикаа левитите од сите места, и им запове­даа да дојдат во Ерусалим за да се изврши осветувањето и радосното празнување во сла­вословија и песни, при звукот на кимвали, псалтири и гусли.

12:28 Се собраа синовите на певците од Ерусалимскиот округ и од селата Нетофатски,

12:29 и од Бет-Гилгал, и од околината на Гева и Азмавет, зашто певците си беа изградиле села во околината на Еру­салим.

12:30 И се очистија свештениците и левитите, го очистија и народот и портите и ѕидовите.

12:31 Тогаш ги изведов на ѕидот јудеј­ските началници и поставив два големи хора певци, и едниот од нив одеше десно по ѕидот кон Гноишните Порти.

12:32 По нив одеше Хошаја и половината јудејски началници:

12:33 Азарија, Ездра, Мешулам,

12:34 Јуда, Венијамин, Шемаја и Еремија;

12:35 а од синовите свештенички со труби: Захарија, син на Јонатан, син на Шемаја, син на Матанија, син на Ми­хаја, син на Закур, Асафов син,

12:36 и браќата негови: Шамаја, Аза­риил, Милалај, Гилалај, Маај, Натанаил, Јуда и Ананија со свирките на Давид, Бож­јиот човек, и книжни­кот Ездра пред нив.

12:37 До Изворните Порти, спроти нив, тие излегоа по степеништата на Да­видовиот град, по скалите што водеа кон ѕидот над Давидовиот дом, до Водните Порти на исток.

12:38 Другиот хор врвеше наспроти нив, а по него јас и половината од на­родот, по ѕидот од Кулата кај печката до широкиот ѕид,

12:39 и од Ефремовите Порти, покрај Старите Порти и Рибните Порти и Хананеловата Кула, и кулата Меа, кон Овчите Порти, и застанавме при Затворските Порти.

12:40 Потоа и обата збора застанаа пред Божјиот дом, а и јас и половината началници со мене,

12:41 и свештениците: Елијаким, Маа­сеја, Минјамин, Михаја, Елјоенај, Заха­рија и Ананија со трубите,

12:42 Маасеја, Шемаја, Елеазар, Озиј, Јоханан, Малкија, Елам и Езер. А пев­ците пееја високо; водач им беше Јиз­рахија.

12:43 Во тој ден се принесоа големи жрт­ви и се веселеа, зашто Бог им беше дал голема радост. Се радуваа и жените, и децата и веселбата ерусалимска се слушаше надалеку.

12:44 Во истиот ден беа поставени луѓе над одделите за приноси од првините и десетоците, за да ги собираат од нивите околу градовите, делови определени со законот за свештениците и левитите, зашто на Јудејците им беше драго да ги гледаат свештениците и левитите кои служеа,

12:45 и вршеа служба на својот Бог и работите околу очистувањето и беа певци и вратари, според наредбата на Давид и синот негов Соломон.

12:46 Зашто уште одамна, во дните на Давид и Асаф, беа установени главни певци, како и песни за Бога, пофални и благодарствени.

12:47 Сите Израелци во дните на Зоро­вавел и во дните на Неемија им даваа делови на певците и на вратарите како храна за секој ден, и им ги даваа осветените приноси на левитите, а ле­витите им даваа на Ароновите синови.

Glava 13

13:1 Тој ден читаа од Мојсеевата книга гласно пред народот и најдоа напишано вака: Амонец и Моавец не смеат да влегуваат во Божјото општество дури довека.

13:2 Зашто тие не ги пресретнаа сино­вите на Израел со леб и вода, а го најмија против нив Валаам, за да ги проколне; но Бог наш ја претвори клетвата во благослов.

13:3 Кога го слушнаа тој закон, тие го одделија од Израел сѐ она што беше од друго племе.

13:4 А пред тоа свештеникот Елија­шив, поставен над одделите при домот на нашиот Бог, близок роднина на Товија,

13:5 одреди за него една голема соба, во која пред тоа ставаа лебен принос, темјан и садови, и десеток од житото, виното и маслото, определени со за­кон за левитите, певците и вратарите, и приносите за свештениците.

13:6 Кога се случуваше сето тоа, јас не бев во Ерусалим, зашто во текот на триесет и втората година на вавилонскиот цар Артаксеркс бев кај царот и по извесно време пак се измолив од царот

13:7 одново да се вратам во Ерусалим. Тогаш дознав за злото, што го беше направил Елијашив, определувајќи за Товија соба во дворот на Божјиот дом.

13:8 Ми стана многу непријатно, и јас ја исфрлив сета покуќнина на Товија надвор од собата,

13:9 и реков да ја исчистат собата и порачав пак да ги внесат таму садо­вите на Божјиот дом, лебниот принос и темјанот.

13:10 Дознав уште дека на левитите не им биле давани деловите, и дека левитите и певците што ја вршеа служ­бата своја, се разбегале секој на нивата своја.

13:11 Јас ги искарав за тоа началниците и реков: „Зошто е запустен Божјиот дом?“ И јас ги собрав и ги поставив по местата нивни.

13:12 И сите Јудејци почнаа одново да принесуваат десеток од житото, виното и маслото во одделите.

13:13 И ги поставив како настојници Шелемија, и книжникот Садок, и Феда­ја од левитите, а при нив и Ханан, синот Закуров, син Матаниев, зашто се сме­таа за верни. И на нив им беше нало­жено да раздаваат делови на браќата свои.

13:14 Спомни ме, Боже мој, за тоа, и не бриши ги сесрдните работи мои што ги направив за домот на мојот Бог и за службата при него!

13:15 Во тие дни видов во Јудеја дека во сабота гмечат грозје, возат снопја и товараат магариња со вино, грозје, смокви и секаков товар и го носат во саботен ден во Ерусалим. И јас ги искарав строго во истиот ден, кога ја продаваа таа храна.

13:16 И Тирци живееја во Јудеја и довезуваа риба и секаква стока и ја продаваа во сабота на јудејските жители и во Ерусалим.

13:17 Јас ги искарав првенците Јудејски и им реков: „Зошто вршите такво зло и го осквернувате саботниот ден?

13:18 Така правеа татковците ваши, та затоа нашиот Бог го испрати врз нас и врз овој град сето тоа зло? А вие го зго­лемувате гневот Негов против Израел, осквернувајќи ја саботата.“

13:19 Потоа, штом ќе зајдеше сонцето зад ерусалимските порти, спроти сабота, заповедав да ги затвораат вра­тите и по­рачував да не ги отвораат до утредента по сабота. А при портите поставив од своите слуги, та никаков товар да не премине во саботен ден.

13:20 Така трговците и продавачите на секаква стока ноќеваа еднаш и двапати надвор од Ерусалим.

13:21 Но јас ги скарав строго и им реков: „Зошто ноќевате до ѕидот? Ако го сторите тоа уште еднаш, ќе ставам рака на вас.“ Оттогаш тие не доаѓаат во са­бота.

13:22 И им реков на левитите да се очистат и да дојдат да чуваат стража при портите за да се зачува светоста на саботниот ден. Спомни ме и за тоа, Боже мој, и поштеди ме по големата Своја милост!

13:23 Во тие денови видов уште Јудејци што си беа зеле жени Ашдотки, Амонки и Моавки;

13:24 и затоа синовите нивни зборуваа полуашдотски, или според јазикот на другите народи, а јудејски не знаеја да говорат.

13:25 Јас ги искарав за тоа и ги проколнував, а некои мажи дури и ги тепав, косата им ја кубев и ги заколнував во Бога да не ги даваат ќерките свои за синовите нивни и да не ги земаат ќер­ките нивни за синовите свои и за себе.

13:26 Нели поради тоа, им зборував, грешел и Соломон, царот израелски? Во многу народи немало таков цар како него. Тој беше љубимец на својот Бог, и Бог го постави за цар над сите Изра­елци; но, пак, жени туѓинки го натераа во грев и него.

13:27 И треба ли да слушаме за вас дека вие го вршите сето тоа големо зло, бидејќи грешите пред нашиот Бог, земајќи жени туѓинки?

13:28 Еден од синовите на Јојада, син на првосвештеникот Елијашив, беше зет на Санавалат хорончанецот, јас го изгонив од Ерусалим.

13:29 Спомни им, Боже мој, дека тие го осквернија свештенството и заветот свештенички и левитски!

13:30 Така го очистив народот од сѐ друго земно и ги установив службите на свештениците и на левитите, на секого во неговата работа,

13:31 и довозот на дрва во определено време и првините. Спомни ме, Боже мој, за мое добро!