Filimon

1

Glava 1

1:1 Павле, затвореник на Исус Христос, и братот Тимотеј, до возљубениот Филимон, нашиот сотрудник,

1:2 и до Апфија, возљубената сестра, и до Архип, нашиот соборец, и до твојата домашна црква.

1:3 Благодат вам и мир од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос!

1:4 Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во молитвите свои,

1:5 бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш во Господ Исус и кон сите светии,

1:6 и молам нашата заедничка вера да се покаже во тебе на дело во познанието на секое добро, кое го имаме за Исус Христос.

1:7 Зашто ние многу се радуваме и уте­шуваме поради твојата љубов, брате, бидејќи преку тебе се успокоија срцата на светиите.

1:8 Затоа, иако имам во Христос голема слобода да ти заповедам што треба да правиш,

1:9 сепак, од љубов кон тебе, те молам јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник за Исус Христос,

1:10 и те молам за моето чедо, Онисим, што го родив во оковите свои:

1:11 и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу попотребен и те­бе, и мене.

1:12 Ти го праќам назад него – прими го како да е моето срце.

1:13 Јас сакав да го задржам кај мене, за да ми служи место тебе во оковите што ги носам за Евангелието.

1:14 Но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна.

1:15 Зашто, можеби тој поради тоа се одвои од тебе за малку време, за да го примиш засекогаш,

1:16 не веќе како роб, а повеќе од роб, како возљубен брат, а особено за мене, и уште повеќе за тебе – и по тело, и во Господ.

1:17 И така, ако ме имаш за содругар, прими го како да си ме примил мене.

1:18 Ако, пак, во нешто ти згрешил, или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка.

1:19 Јас, Павле, напишав со своја рака: јас ќе платам, за да не ти речам дека ти и самиот цел си ми должен.

1:20 Да, брате, да го добијат од тебе во Господ она за што Го молам; развесели го срцето мое во Господ.

1:21 Убеден во твојата послушност, ти напишав, знаејќи дека ќе направиш и повеќе отколку што ти велам.

1:22 А заедно со ова приготви ми и смес­тување, зашто се надевам дека со ва­шите молитви ќе ви бидам даруван вам.

1:23 Те поздравува Епафрас, кој е со ме­не затвореник во Христос Исус, Марко, Аристарх, Димас, Лука – моите соработници.

1:24 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вашиот дух. Амин!