Ezdra

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

Glava 1

1:1 Во првата година на персискиот цар Кир за да се исполни словото Господово искажано од устата на Ере­мија, го поттикна Господ духот на Кир, персискиот цар, и тој заповеда да прогласат по целото царство, усно и писмено:

1:2 вака вели Кир, царот персиски: „Господ, Бог на небото, ми ги даде сите земни царства и ми заповеда да Му изградам дом во Ерусалим што е во Јудеја.

1:3 Кој меѓу сите вас е од Неговиот народ, – Бог нека биде со него, и нека оди во Ерусалим, кој е во Јудеја, да гради дом на Господ, Бог Израелов, – Тој е Бог, Кој е во Ерусалим.

1:4 А секој што останал во другите мес­та, каде и да живее тој, нека му помогнат жителите од тие места со сребро, со злато, со друг имот, со добиток и со доброволни прилози за Божјиот дом што е во Ерусалим.“

1:5 Тогаш кнезовите на племињата Јудини и Венијаминови, свештеници­те и левитите, секој, чиј дух го поттикна Господ, се подготвија да одат да го градат Господовиот дом што е во Ерусалим.

1:6 И сите нивни соседи им помагаа со сребрени садови, со злато, со друг имот и со добиток и со скапи предмети, покрај доброволните приноси за храмот.

1:7 А царот Кир ги извади садовите на Господовиот дом што Навуходоносор ги беше одзел од Ерусалим и ги беше поставил во домот на својот бог.

1:8 Нив Кир, персискиот цар, ги изнесе со помош на ризничарот Митредат, а тој ги предаде под број на Сасавасар, управител на Јудеја.

1:9 И еве го бројот нивни: златни чинии – триесет, сребрени чинии – ил­јада, ножеви – дваесет и девет,

1:10 златни чаши – триесет, сребрени чаши, двојни – четиристотини и десет, други садови – илјада;

1:11 вкупно садови, златни и сребрени, пет илјади и четиристотини. Сето тоа го зеде со себеси Сасавасар, кога иселениците тргнаа од Вавилон за Еру­салим.

Glava 2

2:1 Ова се луѓето од земјата кои беа преселени во прогонство, кога ва­вилонскиот цар Навуходоносор ги беше одвел во Вавилон. Тие се вратија во Ерусалим и Јудеја, секој во својот град,

2:2 а дојдоа со Зоровавел, Јешуа, Нее­мија, Сераја, Реелаја, Мардохеј, Бил­шан, Миспар, Бигвај, Рехум и Баана. Еве го бројот на луѓето од народот Из­раелов:

2:3 потомци на Парош – две илјади сто седумдесет и двајца;

2:4 потомци на Сафатија – триста седумдесет и двајца;

2:5 потомци на Арах – седумстотини седумдесет и пет;

2:6 потомци на Пахат-Моав, односно од потомците на Јешуа и на Јоав – две илјади осумстотини и дванаесет;

2:7 потомци на Елам – илјада двесте педесет и четири;

2:8 потомци на Зату – деветстотини четириесет и пет;

2:9 потомци на Закај – седумстотини и шеесет;

2:10 потомци на Ваниј – шестотини четириесет и двајца;

2:11 потомци на Бевај – шестотини дваесет и тројца;

2:12 потомци на Азгад – илјада двесте дваесет и двајца;

2:13 потомци на Адоникам – шестотини шеесет и шест;

2:14 потомци на Бигвај – две илјади педесет и шест;

2:15 потомци на Адин – четиристотини педесет и четири;

2:16 потомци на Атер – од домот на Езекија, – деведесет и осум;

2:17 потомци на Бецај – триста дваесет и тројца;

2:18 потомци на Јора – сто и дванаесет;

2:19 потомци на Хашум – двесте дваесет и тројца;

2:20 потомци на Гибар – деведесет и пет;

2:21 од Витлеем – сто дваесет и тројца;

2:22 луѓе од Нетофа – педесет и шест;

2:23 луѓе од Анатот – сто дваесет и осум;

2:24 луѓе од Азмавет – четириесет и двај­ца;

2:25 луѓе од Кирјат-Јарим, Кефира и Беерот – седумстотини четириесет и тројца;

2:26 од Рама и Гева – шестотини дваесет и еден;

2:27 жители од Михмас – сто дваесет и двајца;

2:28 жители од Ветил и Гај – двесте дваесет и тројца;

2:29 жители од Нево – педесет и двајца;

2:30 жители од Магбиш – сто педесет и шест;

2:31 потомци на другиот Елам – илјада двесте педесет и четири;

2:32 потомци на Харим – триста и дваесет;

2:33 жители од Лод, од Хадид и од Оно – седумстотини дваесет и пет;

2:34 од Ерихон – триста четириесет и пет;

2:35 од Сенаа – три илјади шестотини и триесет.

2:36 Свештеници: потомци на Једаја од домот на Јешуа – деветстотини седумдесет и тројца;

2:37 потомци на Имер – илјада педесет и двајца;

2:38 потомци на Пашхур – илјада двесте четириесет и седум;

2:39 потомци на Харим – илјада и седумнаесет;

2:40 левити: потомци на Јешуа и на Кадмиел, од потомците на Ходавија – седумдесет и четири.

2:41 Пејачи: од потомците на Асаф – сто дваесет и осум.

2:42 Потомци на чуварите на вратите: потомци на Селум, потомци на Атер, потомци на Талмон, потомци на Акув, потомци на Хатита, потомци на Шовај – вкупно сто триесет и девет.

2:43 Храмови прислужници: потомци на Циха, на Хасуфа, на Табаот,

2:44 на Керос, на Сиаха, на Падон,

2:45 на Левана, на Хагава, на Акув,

2:46 потомци на Хагав, на Салмај, на Ханан,

2:47 потомци на Гидел, на Гахар, на Реаја,

2:48 на Рецин, на Некода, на Газам,

2:49 на Оза, на Пасеах, на Бесај,

2:50 на Асна, на Меуним, на Нефусим,

2:51 на Бакбук, на Хакуфа, на Харур,

2:52 на Бацлут, на Мехида, на Харша,

2:53 на Баркос, на Сисера, на Темах,

2:54 на Нецијах и на Хатифа.

2:55 Потомците на Соломоновите слу­ги: потомци на Сотај, на Хасоферет, на Перуда,

2:56 на Јаала, на Даркон, на Гидел,

2:57 на Сафатија, на Хатил, на Похе­рет-Хацеваим и на Амиј.

2:58 Вкупно храмови прислужници и потомци на Соломоновите слуги – триста деведесет и двајца.

2:59 А ова се имињата на оние кои трг­наа од Тел-Мелах, Тел-Харша, Керув, Адан, Имер, иако тие не мо­жеа да докажат, дали нивното поколение или семејство потекнува од Израел:

2:60 потомци на Делаја, Товија и Некода – шестотини педесет и двајца.

2:61 Уште и од потомците на свеште­ниците: потомци на Хаваја, Какоц, Верзелиј, кој се ожени со една од ќер­ките на Галаадчанецот Верзелиј и поч­на да се именува со нивното име.

2:62 Тие го бараа својот родословен за­пис, и не го најдоа, затоа беа исклу­чени од свештенството.

2:63 И управителот им рече да не јадат од најсветото од жртвите, додека не се постави свештеник со урим и тумим.

2:64 Сите заедно собрани сѐ на сѐ чети­риесет и две илјади и триста и шеесет луѓе,

2:65 освен слугите нивни, кои беа седум илјади триста триесет и седум и нивните двесте пејачи и пејачки.

2:66 Коњи имаа седумстотини триесет и шест, маски – двесте четириесет и пет,

2:67 камили имаа четиристотини трие­сет и пет, магариња – шест илјади седумстотини и дваесет.

2:68 Некои од старешините на домо­вите, откако ќе дојдеа во домот Гос­подов, во Ерусалим, со драго срце даруваа за домот Божји за да се обнови врз основите негови.

2:69 Колку што им достигаше раката, тие дадоа во ризницата за работа шеесет и една илјада златни даријки, и пет илјади мини сребро и сто свеш­тенички одежди.

2:70 Така се населија пак и свештени­ците и левитите, и народот и пејачи­те, и чуварите на вратите и служите­лите во храмот, и целиот Израел во градовите свои.

Glava 3

3:1 Кога настапи седмиот месец, и синовите Израелови веќе беа по гра­довите, народот се собра заедно во Еру­салим.

3:2 Тогаш Јешуа, синот на Јоседек, и неговите браќа по свештенство, и Зоровавел, синот на Салатиил, и бра­ќата негови, започнаа да Му градат на Бог Израелов жртвеник за да принесуваат на него сепаленици, како што е запишано во законот на Мојсеј, човекот Божји.

3:3 Го поставија жртвеникот врз осно­вите негови, бидејќи се плашеа од соседните народи; и почнаа да принесуваат на него сепаленици на Господ, наутро и навечер.

3:4 И го празнуваа празникот Сеници, како што беше заповедано, а принесуваа и секојдневни жртви сепаленици во определен број како што беше определено за секој ден.

3:5 Потоа редовно принесуваа сепаленици и во новомесечијата, и во сите празници, посветени на Господ, како и доброволни приноси на Господ од секој, кој сакаше.

3:6 А од првиот ден на седмиот месец почнаа да Му принесуваат сепаленици на Господ. Но на Господовиот храм уш­те не му беа поставени темелите.

3:7 И почнаа да даваат пари на каме­ноделци и дрводелци, и јадење и пиење и масло на Сидонци и Тирци за да донесат кедрово дрво од Ливан по морето во Јафа, со дозвола од Кир, персискиот цар.

3:8 На втората година по доаѓањето во домот Господов во Ерусалим, на вториот месец, Зоровавел, синот на Сала­тиил, и Јешуа, синот на Јоседек, и дру­гите нивни браќа, свештениците и левитите, и сите што беа дошле од пленство во Ерусалим, започнаа со работа и поставија левити од дваесет години и нагоре за да ја надгледуваат работата околу домот Господов.

3:9 И Јешуа, синовите негови и бра­ќата негови, Кадмиел и синовите негови – потомци Јудини – станаа како еден чо­век и ги надгледуваа работниците кај домот Господов, а исто така и синовите на Хенадад, левитите, нивните синови и нивните браќа.

3:10 Кога ѕидарите ги положија осно­вите на храмот Господов, поставија свештеници, со одеждите нивни и со труби, и левити – синови Асафови – со кимвали, за да Го слават Господа по уставот на Давид, царот Израелов.

3:11 И почнаа да Го фалат и слават Господа, пеејќи: „Зашто е благ, зашто милоста Негова кон Израел е довека.“ И сиот народ воскликнуваше громогласно, славејќи Го Господа поради тоа што беа поставени темелите на Госпо­довиот дом.

3:12 Меѓутоа, мнозина од свештени­ците и левитите и старешините на родовите, старци, кои го беа виделе поранешниот храм, додека се градеше новиот храм пред очите нивни, пла­чеа гласно, а мно­зина и подвикуваа силно од радост.

3:13 И народот не можеше да ги разликува радосните извици од плачот на народот, зашто народот викаше силно и гласот негов се слушаше на далеку.

Glava 4

4:1 Непријателите Јудини и Венијаминови слушнаа дека вратените од пленството градат храм на Господ, Бог Израелов;

4:2 и дојдоа кај Зоровавел и кај погла­варите на родовите и им рекоа: „Да градиме и ние со вас, зашто и ние како вас Му се поклонуваме на вашиот Бог, и Нему Му принесуваме жртви од дните на Есар-Хадон, аси­рскиот цар, кој нѐ пресели овде.“

4:3 Зоровавел, Јешуа и другите кнезови на родовите израелски им одговорија: „Не може да градите заедно со нас дом на нашиот Бог; ние сами ќе градиме дом на Господ, Бог Израелов, како што ни заповеда Кир, царот персиски.“

4:4 Тогаш народот на онаа земја, почна да му ги ослабува рацете на јудејскиот народ и да му пречи во градењето;

4:5 и поткупуваа советници против нив за да ја расипуваат намерата нивна во текот на сето време од владеењето на Кир, царот персиски, до царувањето на Дариј, цар персиски.

4:6 А кога царуваше Ксеркс, на поче­токот од неговото царување, напишаа обвинение против жителите на Јудеја и на Ерусалим.

4:7 Исто така во дните на Артаксеркс пишуваа и Бишлам и Митредат, и Та­вел и други нивни другари до Артак­серкс, царот персиски. Писмо­то беше напишано со арамејско писмо и на ара­мејски јазик.

4:8 Рехум, царскиот помошник и Шим­шај, секретарот, напишаа вакво писмо против Ерусалим до царот Артаксеркс:

4:9 Од Рехум, царскиот помошник, Шимшај – писар и останатите нивни соработници; жителите од Дин, Афа­рсатах, Тарпел, Афарес, Ерех, Вавилон, Суза, Деха, Елам,

4:10 и останатите народи што ги пресели големиот и славниот Оснапар и ги насели во градовите на Самарија и во другите градови на самарјанската об­ласт од онаа страна на Реката.

4:11 Еве препис од писмото што му го испратија нему: „До царот Артак­серкс, твоите слуги, луѓето што живеат од онаа страна на Реката ти праќаат поздрав.

4:12 Да знаеш, царе, дека Јудејците што излегоа од тебе и дојдоа кај нас во Ерусалим, тој бунтовен и лош град, прават ѕидови, чии темели веќе ги поправија.

4:13 Но да знаеш, царе, дека ако тој град биде изграден и ѕидиштата негови обно­вени, тие нема да плаќаат ни данок, ни летнина, ни царина, и царската ризница ќе има загуба.

4:14 А бидејќи јадеме леб од царскиот дворец, и не можеме да ја гледаме таа загуба за царот, затоа испраќаме известување до царот.

4:15 Нека се побара во книгата на лето­писите на твоите предци, и ќе се најде во таа летописна книга и ќе се дознае дека овој град е град одметник и пако­сен за царевите и областите и дека во него настанувале бунтови во старо време, поради што овој град бил опустошен.

4:16 Затоа му соопштуваме на царот дека, ако овој град биде изграден и ѕидиштата негови поправени, нема да имаш власт од онаа страна на Реката.“

4:17 Царот му испрати одговор: „До Ре­хум, царскиот помошник, и до Шимшај, писарот, и до другите нивни соработници што живеат во Самарија и во дру­гите градови од онаа страна на Реката, поздрави.

4:18 Писмото што ми го испративте, ми беше јасно прочитано.

4:19 Затоа јас наредив да се побара, и пронајдоа дека овој град уште од старо време се бунтувал против царевите, и во него имало одметнувања и немири.

4:20 Во Ерусалим имало силни цареви, кои владееле во целата задречна област и кои земале данок, летнина и царина.

4:21 И така, дајте заповед, тие луѓе да престанат да работат, и тој град да не се гради, додека не заповедам јас.

4:22 Бидете внимателни за да не ис­пуштите нешто од пред очите свои. Зошто да се дозволува да расте злото на штета на царевите?“

4:23 Штом писмото на царот Арта­ксеркс беше прочитано пред Рехум и Шимшај, писарот, и другарите нивни, тие без одлагање отидоа во Ерусалим кај Јудејците и насилно им ја забранија работата.

4:24 Тогаш сопреа работите околу Божјиот храм во Ерусалим, сѐ до втората година од царувањето на персискиот цар Дариј.

Glava 5

5:1 Но пророкот Агеј и пророкот Захарија, синот на Идо, им пророкуваа на Јудејците во Јудеја и во Еру­салим во името на Бог Израелов.

5:2 Тогаш Зоровавел, синот на Сала­тиил, и Јешуа, синот на Јоседек, поч­наа да го градат Божјиот дом во Еру­салим, и со нив Божјите пророци, кои ги поддржуваа.

5:3 Во тоа време дојдоа кај нив Татенај, управител од оваа страна на Реката, и Ситар-Бознај, со своите со­работници, и им рекоа вака: „Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидишта?“

5:4 Потоа ги прашаа: „Кои се имињата на луѓето што ја градат таа зграда?“

5:5 Но окото на нивниот Бог беше врз старешините јудејски, и тие не им се заканија, додека работата не отиде до Дариј, и додека не дојде писмено решение за таа работа.

5:6 Еве ја содржината на писмото што го испратија Татенај, управител на областа зад Реката, и Ситар-Бознај со своите соработници – Афарсехајци, од онаа страна на Реката, до царот Да­риј.

5:7 Во соопштението што го испратија до него, еве што беше напишано: „До царот Дариј – секаков мир!

5:8 Да знаеш, царе, дека ние бевме во ерусалимската област во домот на ве­ликиот Бог; го градат со големи камења, а во ѕидиштата ставаат дрва; таа работа напредува брзо и успешно во рацете нивни.

5:9 Тогаш ги прашавме нивните ста­решини и им рековме вака: ‚Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидови?‘

5:10 Освен тоа, ги прашавме и за имињата нивни за да ти јавиме и да ти го напишеме името на главниот меѓу нив.

5:11 Тие ни одговорија со овие збо­рови: ‚Ние сме слуги на Бога на небо­то и на земјата и градиме дом што беше изгра­ден многу години пред тоа, – а великиот цар Израелов го градеше и го доврши.

5:12 А кога татковците наши Го раз­гневија Бога небесен, Тој ги пре­даде во раката на Навуходоносор, ца­рот ва­вилонски, Халдеец; тој го раз­руши овој дом и го пресели народот во Вавилон.

5:13 Но во првата година од владеењето на Кир, царот на Вавилон, Кир дозволи да се изгради овој дом Божји;

5:14 уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени, што Наву­ходоносор ги беше земал од ерусалимскиот храм, па ги беше однел во вавилонскиот храм, – цар Кир ги из­несе од вавилонскиот храм и ги даде со број на Сасавасар, управникот на ризницата,

5:15 и му рече: – земи ги тие садови, и однеси ги во ерусалимскиот храм, и Божјиот дом нека се гради на своето место.

5:16 Тогаш оној Сасавасар дојде и ги постави темелите на Божјиот дом во Ерусалим; оттогаш па досега се гради и уште не е завршен.‘

5:17 И така, ако му е угодно на царот, нека побара во домот во царските ар­хиви, таму во Вавилон, дали навистина цар Кир дозволил да се гради овој дом Божји во Ерусалим, и нека ис­пратат одговор за волјата на царот околу тоа.“

Glava 6

6:1 Тогаш царот Дариј издаде запо­вед, и бараа во Вавилон, во архивот, ка­де што ги чуваа важните документи.

6:2 И во Ахмета, во дворецот, кој е во областа Мидија, беше пронајден еден свиток, и во него беше напишано вака: „Потсетник.

6:3 Во првата година од владеењето на царот Кир, царот издаде указ за домот Господов во Ерусалим: Нека биде из­граден дом на она место, каде што принесуваат жртви, и нека му се постават здрави темели; висината негова – шее­сет лакти, ширината негова – шеесет лакти;

6:4 три реда големи камења, еден ред дрва; а трошоците нека се плаќаат од царскиот дом.

6:5 Уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени што Навуходо­носор ги изнесол од ерусалимскиот храм и ги однел во Вавилон, нека се вратат и од­несат во ерусалимскиот храм и да бидат наместени во Божји­от дом, секој на свое место.

6:6 Затоа, Татенај, кој управуваш со задречната област, и ти Ситар-Бознај и вие нивни соработници, испратени во областа зад Реката, бидете на разумна оддалеченост оттаму!

6:7 Не запирајте ја работата на Божји­от дом; јудејскиот кнез и јудејските ста­решини нека го градат оној Божји дом на местото негово.

6:8 А јас издадов указ, според кој треба да им помагате на тие старе­шини јудеј­ски во градбата на овој дом Божји, односно: од царскиот имот – од данокот на задречната област да им се дава на тие луѓе за да не се запира работата;

6:9 и колку што ќе бидат потребни – телиња, овни или јагниња за сепаленици на Бога небесен, исто така и пче­ница, сол, вино и масло, толку, колку што ќе определат свештени­ците еруса­лимски, нека им се дава секој ден без прекин,

6:10 за да принесуваат благопријатни жртви на Бога небесен, и да се молат за животот на царот и синовите негови.

6:11 Заповедам уште – кој ќе ја измени оваа наредба, да извадат греда од ку­ќата негова, да го издигнат и при­коваат на неа, а куќата негова поради тоа да се претвори во урнатини.

6:12 И Бог, Чие име престојува таму, да го собори секој цар и народ што ќе протегне рака да го измени ова за штета на тој дом Божји во Ерусалим. Јас, Дариј, го издадов овој указ, нека биде точно спроведен!“

6:13 Тогаш Татенај, управителот на зад­речната област, Ситар-Бознај и нивни­те соработници, постапуваа точно она­ка, како што заповеда царот Дариј.

6:14 И јудејските старешини градеа и напредуваа според пророштвото на пророкот Агеј и Захарија, синот на Идо. Изградија и завршија според волјата на Бог Израелов и според волјата на Кир, Дариј и Артаксеркс, ца­реви персиски.

6:15 Завршен беше овој дом на третиот ден од месец адар, во шестата година од царувањето на царот Дариј.

6:16 И синовите Израелови, свеште­ниците, левитите и другите, што се беа вратиле од пленство, со радост го из­вршија осветувањето на тој Божји дом.

6:17 И принесоа при осветувањето на тој Божји дом: сто вола, двесте овни, чети­ристотини јагниња и дванаесет јарци како жртва за грев за целиот Израел, според бројот на племињата Израелови.

6:18 И поставија свештеници според чиновите нивни и левити според родо­вите нивни за Божја служба во Еру­салим, како што беше заповедано во книгата Мојсеева.

6:19 Потоа вратените од пленство про­славија Пасха во четиринаесеттиот ден на првиот месец,

6:20 зашто свештениците и левитите се беа очистиле, – тие сите до еден беа чис­ти; и заклаа пасхални јагниња за сите вратени од пленство, за своите браќа свештеници и за себеси.

6:21 И јадеа синовите Израелови што се беа вратиле од пленство, и сите што се беа откажале од нечистотијата на народите на земјата за да Му се поклонат на Господ, Бог Израелов.

6:22 А го празнуваа со радост и праз­никот Бесквасници седум дена, зашто Господ ги зарадува и го сврте кон нив срцето на асирскиот цар за да ги поткрепи рацете нивни при градењето на домот на Господ, Бог Израелов.

Glava 7

7:1 По тие настани, во текот на царувањето на Артаксеркс, царот персиски, Ездра – синот на Сераја, син на Азарија, син на Хелкија,

7:2 син на Селум, син на Садок, син на Ахитув,

7:3 син на Амарија, син на Азарија, син на Мерајот,

7:4 син на Зерахија, син на Озиј, син на Буки,

7:5 син на Авишуа, син на Финес, син на Елеазар, син на првосвештеникот Арон, –

7:6 тој Ездра тргна на пат од Вавилон. Тој беше книжник и го знаеше за­конот Мојсеев, даден од Господ, Бог Изра­елов. Царот му даде сѐ по желбата не­гова, зашто раката на Господ, неговиот Бог, беше над него.

7:7 Со него отидоа во Ерусалим и некои синови Израелови, и свештеници, и ле­вити, и пејачи, и чувари на вратите, и слуги на храмот во седмата година на царот Артаксеркс.

7:8 Тој дојде во Ерусалим во петтиот месец, во седмата година од владее­њето на царот.

7:9 На првиот ден од првиот месец тој го започна излегувањето од Вавилон, а во првиот ден од петтиот месец тој дојде во Ерусалим: благодатната рака на неговиот Бог беше над него.

7:10 Зашто Ездра го беше укрепил ср­цето свое да го изучува и да го исполнува законот Господов, и да го учи Израел во законите и уредбите.

7:11 Еве ја содржината на писмото, што царот Артаксеркс му го даде на Ездра, свештеник и книжник, кој го учеше Израел на заповедите Госпо­дови и на законите Негови:

7:12 „Артаксеркс, цар над царевите, до Ездра свештеникот, совршениот учи­тел во законот на небесниот Бог денес.

7:13 Издадов указ, во царството мое секој од народот Израелов и од него­вите свештеници и левити што сака да оди во Ерусалим, нека појде со тебе.

7:14 Бидејќи си испратен од царот и од седумте негови советници, да ги надгледуваш Јудеја и Ерусалим во зако­нот на твојот Бог, кој е во раката твоја,

7:15 и да го однесеш среброто и златото, кое царот и советниците негови го жрт­вуваа на Бог Израелов, Чие живе­алиш­те е во Ерусалим,

7:16 и сето сребро и злато што ќе го собереш по целата област Вавилон­ска, заедно со доброволните приноси од на­родот и свештениците што ќе жртвуваат за домот на својот Бог, Кој е во Еру­салим, –

7:17 затоа веднаш купи за тие пари волови, овни, јагниња и житни приноси за нив, и преливи за нив, и принеси ги на жртвеникот во домот на вашиот Бог во Ерусалим.

7:18 А она што ти и браќата твои ќе нај­дете дека е добро да направите од оста­натото сребро и злато, според волјата на Вашиот Бог направете.

7:19 Садовите, пак, што ти беа дадени за служби во домот на твојот Бог, постави ги пред Бог Ерусалимски.

7:20 И сѐ друго што е потребно за домот на твојот Бог, ова за што го сметаш де­ка е неопходно, давај од домот на цар­ските ризници.

7:21 А јас, царот Артаксеркс, давам за­повед до сите ризничари, што се од онаа страна на Реката – сѐ што ќе посака од вас Ездра, свештеник и учител по законот на Бога небесен, без двоумење, давајте:

7:22 сребро до сто кикари, жито до сто кора, вино до сто бата и пак до сто бата масло, а сол – без да се определува количеството.

7:23 Сѐ, што е заповедано од Бога небесен треба да се врши грижливо за Неговиот дом, и гледајте, некој да не протегне рака врз домот на Бога небесен за да не падне гневот Негов врз царството, царот и синовите негови.

7:24 Го кажавме да знаете дека на никого од свештениците и левитите, пеја­чите, чуварите на вратите, слуги­те на храмот и оние што служат при тој дом Божји нема да им се наложува данок, ни десеток, ни царина.

7:25 А ти, Ездра, според мудроста на твојот Бог, која е во раката твоја, постави управители и судии за да го судат сиот народ од онаа страна на Реката, – сите што ги знаат законите на твојот Бог, а кои не знаат, научи ги.

7:26 И кој не го исполнува законот на твојот Бог и законот царски, тој без одлагање да се осуди, било на смрт, било со прогонство, било со парична глоба, или со затвор во темница.“

7:27 Нека е благословен Господ, Бог на нашите предци, Кој влеа во срцето на царот таква мисла да го прослави домот Господов што е во Ерусалим,

7:28 и Кој ја управи кон мене милоста на царот, на советниците негови и на сите силни кнезови царски! И јас се ох­рабрив, бидејќи раката на Господ, мојот Бог, беше над мене, и ги собрав кнезовите израелски, за да одат со мене.

Glava 8

8:1 Еве ги старешините на домовите и родословијата на оние, кои со мене тргнаа на пат од Вавилон, во времето на царувањето на царот Артаксеркс:

8:2 од потомците на Финес – Гершом; од потомците на Итамар – Даниел; од потомците на Давид – Хатуш;

8:3 еден од синовите на Шеканија; од потомците на Парош – Захарија, со кого беа запишани сто и педесет мажи.

8:4 Од потомците на Пахат-Моав – Елјехоенај, син на Зерахија, и со него двесте мажи.

8:5 Од потомците на Зату – Шеканија, син на Јахазиел, и со него триста мажи.

8:6 Од потомците на Адин – Евед, син на Јонатан, и со него педесет мажи.

8:7 Од потомците на Елам – Исаија, синот на Готолија, и со него седумдесет мажи.

8:8 Од потомците на Сафатија – Зевадија, синот на Михаил, и со него осумдесет мажи.

8:9 Од потомците на Јоав – Авдија, синот на Јехиил, и со него двесте и осумдесет мажи.

8:10 Од потомците на Бани – Шеломит, синот на Јосифија, и со него сто и шеесет мажи.

8:11 Од потомците на Бевај – Захарија, синот на Бевај, и со него дваесет и осум мажи.

8:12 Од потомците на Азгад – Јоханан, син на Хакатан, и со него сто и десет мажи.

8:13 Од потомците на Адоникам, кои тргнаа подоцна, ова се нивните имиња: Елифелет, Јеиел, и Шемаја, и со нив шеесет мажи.

8:14 Од потомците на Бигвај – Утај и Захур, и со нив седумдесет мажи.

8:15 Ги собрав кај реката, која тече низ Ахава, и таму престојувавме три дена, и, откако го прегледав народот и свеш­тениците, открив дека нема ниеден од потомците на Левиј.

8:16 Тогаш испратив да го повикаат Елиезер, Ариил, Шемаја, Елнатан, Јарив, Елнатан, Натан, Захарија и Мешулам – старешини, и Јојарив и Елнатан – познавачи на законот;

8:17 и им дадов порака за Идо, начал­никот на местото Касифија, и ги поучив како да му зборуваат на Идо и на неговите соработници, храмови при­служници од Касифија за да ни доведат служители за домот на нашиот Бог.

8:18 И бидејќи благодатната рака на нашиот Бог беше над нас, тие ни доведоа еден разумен човек, од по­томците на Махлиј, син Левиев, син Израелов, Шеревија со синовите негови и браќата негови – осумнаесет души;

8:19 и Хашавија и со него Исаија од потомците Мерариеви, неговите браќа и нивните синови – дваесет;

8:20 и од слугите на храмот што ги определија Давид и неговите начал­ници за прислуга на левитите, двесте и дваесет прислужници; сите тие беа спомнати по име.

8:21 Тогаш објавив таму пост при реката во Ахава за да се смириме пред лицето на нашиот Бог и да измолиме од Него успешен пат за себе, за децата свои и за целиот имот,

8:22 бидејќи ми беше срам да барам од царот војска и коњаници да нѐ чуваат од непријателите по патот, зашто ние, кога зборувавме со царот, рековме: „Раката на нашиот Бог е благодатна за сите, а силата Негова и Неговиот гнев стои над сите што Го оставаат!“

8:23 И така, ние постевме и Го молев­ме нашиот Бог за тоа, и Тој нѐ послуша.

8:24 Тогаш одвоив дванаесетмина од главните свештеници: Шеревија и Ха­шавија, и со нив уште десетмина;

8:25 и им го предадов со мера среброто и златото и садовите, – сѐ што беше жрт­вувано за домот на нашиот Бог, она што го жртвуваа царот, советниците негови, кнезовите негови и Израелци, што беа таму.

8:26 И им предадов во рацете нивни со мерка: сребро – шестотини и педесет кикари, и сребрени садови – за сто кикари, злато – сто кикари,

8:27 златни чаши – дваесет, кои чинеа илјада даријки, и два сада од најдобар, блескав бакар, ценет како злато.

8:28 И им реков: „Вие сте Му свети на Господ, и садовите се свети, и среброто и златото – доброволен прилог на Гос­под, Бог на вашите предци.

8:29 Бидете будни и чувајте го тоа, додека да го предадете со мерка на начал­ниците над свештениците, левитите и старешините Израелови во Ерусалим, во одаите на домот Госпо­дов.“

8:30 Свештениците и левитите го при­мија измереното сребро, злато и садови за да ги однесат во Ерусалим, во домот на нашиот Бог.

8:31 Тогаш тргнавме од реката во Ахава на дванаесеттиот ден од првиот месец за да одиме во Ерусалим; и раката на нашиот Бог беше над нас и нѐ чуваше од непријателска рака и од оние што ни правеа заседи по патот.

8:32 И стигнавме во Ерусалим, каде што престојувавме три дни.

8:33 На четвртиот ден го предадовме со мера среброто, златото и садовите во домот на нашиот Бог во рацете на свештеникот Меремот, синот Уриев, на Елеазар, синот на Финес, со кои беа ле­витите Јозавад, синот на Јешуа, и Но­адија, синот на Бинуј.

8:34 Сѐ беше изброено и измерено, а те­жината на сѐ што беше измерено, беше забележана во истиот момент.

8:35 Дојдените преселеници од пленство Му принесоа на Бог Израелов дванаесет телиња за сиот Израел, деведесет и шест овни и – седумдесет и седум јагниња како сепаленици и дванаесет јарци како жртва за грев: сето тоа за сепаленици на Господ.

8:36 И ги предадоа царските заповеди на царските сатрапи и на задречните управители, и тие го почитуваа народот и домот Божји.

Glava 9

9:1 Откако се сврши тоа, началниците се приближија до мене и рекоа: „Народот Израелов и свеште­ниците и левитите не се одвоија од народите на другите племиња поради нивните гнасотии, од Хананците, Хитијците, Пери­зијците, Јевусијците, Амонците, Моав­ците, Египќаните и Аморејците,

9:2 зашто зедоа нивни ќерки за себе и за синовите свои, светото семе се смеша со народи од туѓи племиња, а притоа раката на кнезовите и војво­дите беше прва во тоа беззаконие.“

9:3 Откако ги чув тие зборови, ја рас­кинав долната и горната своја облека, ги кубев косите на главата своја и на брадата своја и седев нажален.

9:4 Тогаш се собраа кај мене сите што се уплашија од зборовите на Бог Из­раелов поради престапите на преселниците, и јас седев вџашен до принесувањето на вечерната жртва.

9:5 А во време на вечерната жртва ста­нав од моето понизно место со раскината долна и горна облека, паднав на колена и ги кренав рацете кон Господ, мојот Бог,

9:6 и реков: „Боже мој, срам ми е и страв ми е да го покажам моето лице кон Тебе, Боже мој, зашто беззаконијата ни надвиснаа над нашите глави, и вината ни нарасна до небото.

9:7 Од дните на нашите предци до денес ние сме во голема вина, и поради нашите беззаконија бевме преда­дени ние, царевите наши, свештени­ците на­ши, – во рацете на цареви од туѓи земји, на меч, во пленство, на грабеж и навреди, како што е и сега.

9:8 И ете, по малку време, ни се дарува милост од Господ, нашиот Бог, Кој остави кај нас спасение и ни даде да се закрепиме во Неговото свето место; ни ги просвети очите нашиот Бог и ни даде да здивнеме малку од ропството свое.

9:9 Ние сме робови, но и во ропството нашиот Бог не нѐ остави. Тој ја при­веде кон нас милоста на персиските цареви за да ни дадат нов живот, да го подиг­неме домот на нашиот Бог, да го обно­виме од урнатините негови, и да ни да­дат сигурно засолниште во Јудеја и во Ерусалим.

9:10 А сега што да кажеме, Боже наш, потоа? Зашто ние отстапивме од Твои­те заповеди

9:11 што ни ги даде преку Твоите слу­ги, пророците, велејќи: ‚земјата, во која одите за да ја завладеете, е земја нечис­та; таа е извалкана од нечисто­тиите на народите од туѓи племиња, со нивни гнасотии, со кои ја наполнија открај докрај со своите нечистотии.

9:12 Затоа не ги давајте ќерките свои за синовите нивни, и ќерките нивни не ги земајте за синовите свои, и не барајте го мирот нивни, ниту благата нивни довека, за да се закрепите и храните со најдобрите плодови на таа земја и да ја предадете во наследство на синовите свои довека.‘

9:13 И по сѐ што нѐ снајде поради лошите дела наши и поради големата вина наша и, – зашто Ти, Боже наш, нѐ поштеди не според беззаконието наше, туку ни даде такво избавување, –

9:14 зарем пак ќе ги нарушуваме Твоите заповеди и ќе влегуваме во родство со тие одвратни народи? Не­ма ли да се разгневиш на нас сѐ додека нѐ не погубиш, па да нема живи и да нема спасени?

9:15 Господи, Боже Израелов! Ти си праведен, зашто ние бевме нажалени до денес; и еве, ние сме во беззаконијата свои пред Твоето лице, макар што по сето тоа не би требало да стоиме пред Твоето лице.“

Glava 10

10:1 Додека Ездра така се молеше и исповедаше, плачејќи и ле­жејќи пред Божјиот дом, се собра кај него многуброен народ од Израел, мажи, жени и деца, зашто и народот плачеше многу.

10:2 Тогаш се јави Шеханија, синот на Јехиил од потомците на Елам, и му рече на Ездра: „Згрешивме пред наши­от Бог, зашто зедовме жени од народите на таа земја, но уште има надеж за Израел за таа работа;

10:3 да се заветуваме сега пред нашиот Бог дека ќе ги отпуштиме сите жени од другите племиња и родените од нив деца, – и нека биде по законот на нашиот Бог, и според законот нека биде.

10:4 Стани, зашто ова е твоја работа, и ние сме со тебе: биди храбар и работи!“

10:5 Тогаш стана Ездра и им порача на старешините над свештениците, левитите и над сиот Израел да положат заклетва дека ќе направат така. И тие се заколнаа.

10:6 Стана Ездра од пред Божјиот дом и тргна кон собата на Јоханан, синот на Елијашив, и ноќеваше таму. Леб не јадеше и вода не пиеше, зашто беше наскрбен поради престапите на преселниците.

10:7 И им соопштија по Јудеја и во Ерусалим на сите, што беа вратени од пленство да се соберат во Ерусалим,

10:8 а на оној што не ќе дојде за три дни, ќе му се одземе имотот, по решение на началниците и стареши­ните, целиот имот негов, а самиот тој ќе биде исклучен од заедницата на оние кои беа во пленство.

10:9 И во тие три дни се собраа во Еру­салим сите жители на Јудеја и на земјата Венијаминова. Тоа беше во деветтиот месец на дваесеттиот ден од месе­цот. Седеше сиот народ на плош­тадот пред Божјиот дом и тре­переше, како поради таа работа, така и од дождот.

10:10 Тогаш свештеникот Ездра стана и им рече: „Вие направивте престап, земајќи жени од други племиња и со тоа ја зголемивте вината на Израел;

10:11 затоа, покајте се пред Господ, Бог на вашите предци, и исполнете ја волјата Негова, одвојте се од народите на таа земја и од жените од други племиња.“

10:12 Целото собрание одговори и рече со силен глас: „Како што рече, така и ќе направиме.

10:13 Но народот е многуброен, и вре­мето е сега студено, та не може да се стои на улица. Па и таа работа не е ни за ден, ниту за два, зашто ние згрешив­ме многу во таа работа.

10:14 Нека се изберат заменици на начал­ниците за целото собрание, и сите во нашите градови што зеле жени од други племиња да доаѓаат тука во определено време заедно со старе­шините и судиите на секој град, додека не се одврати од нас пламнатиот гнев на нашиот Бог поради таа работа.“

10:15 Само Јонатан, синот на Асаил и Јахзеја, синот на Тиква, се спротив­ставија, а Мешулам и левитот Шабетај ги поткрепуваа во тоа.

10:16 Потоа вратените од пленство поста­пија така. За тоа беа определени: свеш­теникот Ездра, началници­те од секое нивно поколение, и старе­шините на нивните домови сите по име. Тие се со­браа на заседание во првиот ден на десеттиот месец за да ја испитаат таа работа.

10:17 До првиот ден од првиот месец го завршија испитувањето за сите што беа зеле жени од други племиња.

10:18 Меѓу потомците на свештениците се најдоа и такви што беа зеле жени од други племиња, – од синовите на Јешуа, синот Јоседеков, и браќата негови: Маасеја, Елиезер, Јарив и Годолија;

10:19 тие ја дадоа раката своја како ветување дека ќе ги напуштат жените свои, и дека, како виновни, ќе принесат жрт­ва по еден овен за вината своја;

10:20 од Имеровите потомци: Ананија и Зевадија;

10:21 од Харимовите потомци: Маасеа, Елија, Шемаја, Јехиил и Озија;

10:22 од Пашхуровите потомци: Елиое­нај, Маасеја, Исмаил, Натана­ил, Јоза­вад и Елеаса;

10:23 од левитите: Јозавад, Семеј и Кела­ја, нарекуван и Келита, потоа Петахија, Јуда и Елиезер.

10:24 Од пејачите: Елијашив. Од чува­рите на вратите: Селум, Телем и Уриј.

10:25 А од Израел – од потомците на Па­рош: Рамија, Изија, Малкија, Мијамин, Елеазар, Малкија и Ванеја.

10:26 Од потомците на Елам: Матанија, Захарија, Јехиил, Авдиј, Јеремот и Елија.

10:27 Од потомците на Зату: Елиоенај, Елијашив, Матанија, Јеремот, Завад и Азиза.

10:28 Од потомците на Бевај: Јоанан, Ананија, Забај и Атлај.

10:29 Од потомците на Ваниј: Мешулам, Малух, Адаја, Јашув, Шеал и Јеремот.

10:30 Од потомците на Пахат-Моав: Ад­на, Келал, Ванеја, Маасеја, Мата­нија, Веселеил, Бинуј и Манасија.

10:31 Од потомците на Харим: Елиезер, Јишија, Малкија, Шемаја, Симон.

10:32 Венијамин, Малух, Шемарија.

10:33 Од потомците на Хашум: Мете­нај, Матата, Завад, Елифелет, Јере­мај, Ма­насија и Семеј.

10:34 Од потомците на Ваниј: Маадај, Амрам и Уел,

10:35 Ванеја, Бедеја, Келухиј,

10:36 Ванија, Меремот, Елејашив,

10:37 Матанија, Матенај, Јаасај.

10:38 Ваниј, Бинуј и Семеј,

10:39 Шелемија, Натан и Адаја,

10:40 Махнадевај, Шашај и Шарај,

10:41 Азариил, Шелемија, Шемарија,

10:42 Селум, Амарија и Јосиф.

10:43 Од потомците на Нево: Јеиел, Матитија, Завад, Зевина, Јадај, Јоил и Ванеја.

10:44 Сите тие си беа зеле жени од други племиња, а некои од тие жени им беа родиле и деца.